Манастирот „Свети Спас“ во Горно Лакочереј, мало парче рај на земјата

На гостите им нуди мир, убава глетка, чист воздух, но и многу повеќе.

 |  Мишел Наумоски  | 
Sveti Spas
Свети Спас

manastir sv. Spas g.LakocerejСместен во планинскиот дел на Горно Лакочереј, манастирот „Свети Спас“ е вистинска оаза, со целосно хортикултурно уреден двор, цвеќиња, тревници, дванаесеттина конаци, кујна за готвење.  „Свети Спас“ на сите намерници им нуди место за одмор, со сите можни удобности. Таму го најдовме Александар Крстев,  член на црковниот одбор на манастирот „Свети Спас“. Тој ни раскажа дека овој манастир според големината на имотот и сето она што го поседува, е вториот најбогат манастир во нашата епархија, но до пред некое време стоел заборавен и запуштен. Од минатата година, по смената на црковниот одбор, започнале големи зафати за враќање на сјајот на ова прекрасно парче место.

konaci sv. Spas„Извршивме зафати на делот каде што требаше да се изградат потпорни ѕидови на јужниот дел од манастирот. Се изградија потпорни ѕидови од камен кои допринесоа за заштитување на овој конак овде пред нас, да не падне од природните влијанија, од ерозија, имаше можност да се сруши. И еве пред неколку дена ги завршивме ѕиданите скари, надвор од манастирот, затоа што луѓето што доаѓаа овде на излет, на пикник, сакаа да си направат скара, да испечат месо па палеа оган каде ќе им текне, но и не беа тие виновни затоа што немаше место одредено за тоа. Така да со тој зафат ги решивме и тие проблеми.“-вели Александар Крстев, член на црковниот одбор на манастирот „Свети Спас“.

Од црковниот одбор размислуваат и за иднината на овој манастир. Покрај постоечките конаци кои се подготвени да ги примат гостите, тие веќе имаат планови за изградба на нови конаци.

Sveti Spas Gorno Lakocerej„Во моментот се изработени планови и работиме на тоа да се отпочне со градба на конаци, нови конаци во северниот дел на манастирот. Тие конаци ќе се градат во соработка со Митрополија. Се планира да се изгради голема сала за поголеми свечености, за свадби, крштевки, венчавки. И исто така на кат се планира да се изградат конаци, модерни конаци, во вид на апартмани со посебни купатила и удобности, за да можеме да ги примиме сите добронамерници што ќе дојдат овде да преспијат и да се помолат во манастирот.“-рече Крстев.

Инаку, во тек е и санацијата на фрескоживописот на манастирот кој во минатото бил делумно оштетен од влага. Од црковниот одбор во моментот прибираат понуди од уметници кои ќе се согласат да извршат реставрација на фреските во манастирот. Поради прекрасните услови, глетката и сето она што го нуди манастирот „Свети Спас“, црковниот одбор за во иднина планира да организира и ликовни колонии и други манифестации со што ова место би добило вистинска афирмација, не само како место за молитва на верниците, туку и како вистинска туристичка атракција.

Затоа ако некогаш патот ве носи кон Горно Лакочереј, посетете го и манастирот „Свети Спас“, тоа место навистина има што да понуди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top