Професорот по право на факултетот за туризам и угостителство, Проф. д-р Миладин Крстаноски укажува на состојбите во земјава.
Професорот по право на факултетот за туризам и угостителство, Проф. д-р Миладин Крстаноски укажува на состојбите во земјава.
Професорот вели далеку сме од правна држава и владеењето на правото. Во контекс на тоа наведува низа примери, од недоречени законски прописи па се до оние институции кои би требало, а не го применуваат правото. Наместо за најсуштествените правила да одлучува законодавниот дом кај нас тоа го прават претседателите на партии вели Проф.д-р Миладин Крстаноски од ФТУ. Професорот посебно се осврнува на работата на судството, а потенцира и на потребата од корекција на работата на извршната власт.
Правото се применува во демократска држава, а таква не може да биде ниту една во која народот е на раб од егзистенција, и во која сите би гласале како што сакаат партиите, за работни места или литар зејтин вели проф Крстаноски. Тој е еден од учесниците на трибината за правната држава, имплементацијата на правото и владеењето на правото чиј организатор е набљудувачката мисија на Обсе. Џовдат Маммадов , заменик раководител на одделот владеење на право при ОБСЕ истакна дека кампањата „ Играј според правилата “ носи императивна порака бидејќи правото е систем на правила кои се користат да го уредат начинот на кој се однесува општеството. Кампањата има за цел да ја информира и едуцира јавноста и институциите за концептот за владеење на правото и негова примена во сите сегменти на животот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град