Според секретарот на општината, Димитар Спасески, новиот сообраќаен режим во стариот дел на градот е направен по желба на граѓаните.
Летниот сообраќаен режим во стариот дел на градот со неколку измени. Според секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека во овогодинешниот летен сообраќаен режим, тие ги вметнале сите барања на жителите од стариот дел на градот. Спасески вели дека во комуникација со граѓаните од овој дел на Охрид, добиле сознанија дека тие се задоволни од тоа како функционира сообраќајот во овој период од летото. Спасески информира дека биле направени неколку измени.
„Улицата која води од Горна порта до маркетот ДОН, согласно новиот сообраќаен режим е двонасочна улица. Тоа беше долгогодишно барање на жителите на стариот дел на градот и како таква функционира со овој сообраќаен режим, тоа е една важна разлика што ја прави овој сообраќаен режим, да не предизвикува дополнителни трошоци на жителите на стариот дел на Охрид. Дополнително во рамки на пропусниците кои се издаваат на жителите на стариот дел на Охрид, се вметнати и регистарски таблици на возилото кое што практично е сопственост на жител на стариот дел на Охрид и во тој дел манипулацијата со пропусниците е намалена.“-рече Димитар Спасески-Секретар на општина Охрид.
Спасески вели дека влез и излез од стариот дел на градот им е дозволен и на сите такси компании за прифаќање и оставање на патници. Оваа година, од локалната удоволиле и едно од барањата на станоиздавачите во овој дел на градот.
„Имавме уште едно барање од станоиздавачите кои што немаат обезбеден сопствен паркинг, да размислиме за искористување на паркинг просторот кој што се наоѓа во близина на Горна порта, и за тоа разговаравме со ЈП „Билјанини извори“. За скоро ќе излеземе и со некакво решение. Многу е веројатно дека ќе овозможиме по определени поволни услови станоиздавачите да си закупат паркинг места на самиот паркинг на Горна порта. Тоа е значајна реформа која што ја овозможува овој сообраќаен режим. Повеќе нема да имаме паркирани автомобили во стариот дел на градот. Од страна на ЈП „Охридски комуналец“ кое секојдневно поминува таму исто така имаме огромно задоволство од функционирањето на новиот сообраќаен режим.“-вели Спасески.
Спасески потенцираше дека голема улога во функционирањето на новиот сообраќен режим има и сообраќајната полиција со своите контроли и сериозни санкции за непочитувачите на сообраќајниот режим. Како и претходните години, така и оваа ќе има забрана за движење во стариот дел на градот од 20 до 05 часот наутро, освен за жителите кои живеат во овој дел од Охрид. Овој сообраќаен режим ќе трае до 31 Август.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град