Претставници на „Ротаракт Клубот“ од Охрид остварија средба со високи претставници на Ротари и Ротаракт Клубовите од Осло, Норвешка.
Младите охридски ротаријанци во посета на Норвешка. Претставниците на „Ротаракт клубот“ од Охрид заедно со други учесници од балканските земји и студенти од САД, во Лилехамер, учествуваа на летна дијалог академија, организирана од Стајнер Брун во неговата “Нансен Академија”. Инаку Стајнер Брун заедно со неговата академија во 2009 година беше номиниран за Нобелова награда за мир.
Станува збор за семинари и средби помеѓу луѓето од поствоените балкански територи на кои тие може директно да се соочат, со единствена цел – да се воспостави дијалог преку кој секој ќе може да ја каже приказната на својата страна, но и да ја слушне приказната од страната која не ја познавал доволно, а тоа на крајот секогаш резултира со градење на силни врски на разбирање и основа за градење на подобар регион. Исто така претставниците на Ротаракт Клубот од Охрид, заедно со уште 550 студенти од 95 земји од светот беа дел од летната програма на Осло Универзитетот, каде имаат можност да студираат науки соодветни на нивното поле на интерес.
Оваа иницијатива и можност за учество во овие престижни академиии и институции како и претставувањето на Ротаријанството од Охрид и Македонија, а и Македонија како земја се должи на соработката на Ротари и Ротаракт Клубот од Охрид со Ротари Клубовите од Осло, Норвешка, особено соработката со Ротари Клубот Осло Вест, кој е носител и заедно со уште неколку клубови од околината на Осло, покровител и организатор на програмата ”Rotary Young Friends”. Освен можноста активно да се учествува и да се остави силен печат во споменатите ангажмани, претставниците на Ротаракт Клубот Охрид остварија прием со градоначалнокот на Осло во Градската палата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град