Само половина од плажите на охридската ривиера безбедни за капачите

Иако и официјално започна летната туристичка сезона, некои од концесионерите на плажите како да немаат слух за испочитување на условите за безедност на вода кои што се пропишани со Правилникот за бебзедност на капалиштата, донесен од страна на Министерството за транспорт и врски.

 |  Голабовски Крсте  | 
plaza
плажа

Моментално на половина од плажите на охридското и струшкото крајбрежје, капачите влегуваат во вода на сопствен ризик. Некои од плажите најавиле дека ќе создадат безбедни услови , секако во зависност од тоа како нив им одговара, а не на оние кои ги користат капалиштата. Но, како вели онаа народната, „Ѓаволот ниту ора ниту копа“. Пред само неколку дена инцидентот со момче од Гостивар, кое за малку ќе страдаше во водите на Охридското Езеро на плажата кај Св. Стефан, повторно го актуелизира прашањето за безбедноста на плажите чиишто концесионери и покрај законските одредби, одбиваат да ангажираат обучени спасители на вода. За среќа спасителите од соседните плажи, реагирале професионално и го спасиле давеникот.

plaza„Лицето сеуште е на одделението за анестезиологија при Општата болница Охрид и се надеваме дека се ќе заврши како што треба“, вели претседателот на О.О. На Црвениот крст“ од Охрид Сашо Точков.

„Но, сепак тоа е поука дека сите, пред се за концесионерите но и за капачите кои доаѓаат на Охридското езеро да ги користат само безбедните плажи. Такви плажи во моментов има само дваесеттина, додека исто толку плажи има што се небезбедни, кои не ги исполнуваат условите и критериумите пропишани со закон“ апелира Точков.

Ништо порозова не е ситуацијата и со плажите во соседна Струга. Таму од 13-14 плажи, седум плажи се само безбедни, останатите седум не ги имаат задоволено пропишаните норми и критериуми. И не станува збор само за ангажирање на спасители на плажи, туку и за поставување на набљудувачници, обележани капалишта, потоа пункт за медицинска прва помош, опрема за прва помош и други реквизити, објаснува Точков.

Од Охридската капетанија велат дека се преземаат сите адекватни мерки кои се во нивна надлежност, се со цел да се зголеми степенот на безбедност на вода, не само за учесниците во водениот сообраќај туку и за капачите. Одредбите од Правилникот за безбедност на капалиштата, кој пак произлегува од Законот за внатрешна пловидба се јасни и децидни, објаснува Кап. Горан Устијаноски-Капетанија на пристаништа на РМ. На секои 660м2 површина од капалиштето, мора да биде ангажиран по еден спасител на вода, дециден е Устијаноски.

plaza„Забележано е на некои плажи дека тоа не е направено,  иако нивна законска обврска беше од1-ви јули да постапат сопред Правилникот и плажите да бидат спремни за употреба  за капачите, меѓутоа некои тоа не го имаат направено, апелирам уште еднаш во најкраток можен рок, тој рок не е повеќе денови туку за ден или два веднаш тоа да го направат бидејќи ќе се судрат со ригорозни казни“, објаснува капетанот Устијаноски.

Од капетанија ќе продолжат со мониторингот на состојбата на плажите. Инаку казните за непочитување на одредбите од Правилникот за безбедноста на капалиштата се драконски и изнесуваат од 2000-8000 евра за концесионерот на плажата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top