Македонија од денеска до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки.
Македонија од денеска до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки.
Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Билјанини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи.
Во групата А ќе се натпреваруваат Франција, Унгарија, Данска и Романија. Групата Б ја сочинуваат екипите на Норвешка, Португалија, Шпанија и Украина.
Во третата-Ц група се селекциите на Русија, Шведска, Австрија и Белорусија.
Македонската репрезентација е во групата Д со Германија, Хрватска и Србија.
Избраничките на селекторот Владимир Глигоров својот прв натпревар ќе го одиграат против Германките вечерва во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот и 15 минути.
Во македонскиот тим е и рускиот стручњак Левон Акопјан, кој како советник му помага на селекторот Глигоров.
Европското првенство денеска ќе стартува во 17 часот и 45 минути со натпреварот во Скопје меѓу Хрватска и Србија.
Во Скопје ќе се играат натпреварите од групите А и Д, а во Охрид Б и Ц. Организаторите тврдат дека се е подготвено за почеток и за успешно одвивање на Европското првенство.
Македонската телевизија ќе врши преноси од натпреварите во двете сали, според стандардите што ги бара Европската ракометна федерација (ЕХФ) и нивниот партнер Инфронт, за што има ангажирано околу 160 лица.
Повеќе од 500 новинари се акредитирани на ЕП, меѓу кои има и 60 фоторепортери.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град