Ќе се спасуваат останатите документи од некогашна детска болница

Ќе се спасува она што остана од медицинската документација во поранешната Специјална детска болница. Охридскиот историски архив отпочна со постапка за средување и архивирање на материјалите по цели 6 години од згаснувањето на болницата.

 |  Николоска Биљана  | 
detska bolnica
детска болница

mitrovicАрхивата од некогашната специјална детска болница или барем она што остана од неа по се изгледа ќе си го најде патот до местото каде што припаѓа, охридскиот архив. Ова за ТВМ го изјави Никола Митровиќ инспектор на Историскиот Архив. Пред два месеци ТВМ се обиде да дознае зошто не е спроведена законската постапка за соодветно архивирање на значајната документација од болницата. Тогаш од архивот го поздравија нашиот обид а во меѓувреме институцијата воспоставила контакти со сите надлежни под чии домен спаѓаат овие документи

„Она што можам јас да го кажам како инспектор и како вработен во државниот архив е дека за многу брзо време сите документи кои ги прикажавте во вашиот прилог треба и ќе бидат средени и во средена форма предаени на државниот архив се со цел да му служат на граѓаните на Охрид меѓутоа и на регионот“.   

detska bolnicaИнспекторот Митровиќ не сакаше да ги открива деталите на целокупната постапка и процедура која архивот ја воспоставува  бидејќи како што кажа тоа било интерна работа на институција. Но тој потенцира дека законот за чување на архивска граѓа и материјали ќе биде испочитуван.

„Ние сме надлежни да преземаме мерки доколку некој не ги воспостави оние стандарди кои треба да бидат уредени за чување, средување и предавање на архивската граѓа односно материјалот“.

Инаку ТВМ во неколку наврати информираше за состојбата со медицинската документација и историите на пациентите од поранешната Специјална детска болница која беше затворена со решение на Министерството за здравство во 2007 год. Алармиравме дека родители на деца кои се лекувале во болницата со години трагале по историите на болест тропајќи на вратите од една до друга институција. Очигледно решението е во рацете на Историскиот архив Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top