Годинава за прв пат „Бело лето“ во Охрид

Во текот на оваа „бела ноќ“ повеќе од 90 угостителски објекти ќе нудат и попуст на своите услуги во висина од 10 до 30%.

 |  Мишел Наумоски  | 
belo leto
бело лето

Оваа сабота ќе биде првата „бела ноќ“ во Охрид. Локалната самоуправа заедно со секторот за туризам и локален економски развој „Белото лето“ ќе го искористат за да го означат и официјалниот почеток на летната туристичка сезона. Од локалната велат дека од објективни причини оваа манифестација годинава се одржува на 6ти јули. За од наредната година најавуваат дека таа ќе се одржува или на крајот од мај или на почекот на јуни како би се пролонгирала летната туристичка сезона. Главна ѕвезда на саботната „бела ноќ“ која ќе се одржи на градскиот плоштад, ќе биде македонското девојче, Каролина Гочева, а покрај неа ќе настапуваат и рнб дуото ДНК како и неколку диџеи.

Во рамките на „Белото лето“ предвидени се и повеќе пропратни настани кои ќе бидат изненадување за посетителите.

belo leto„Сакам да ги поканам охриѓани да дојдат во Сабота, да ја проследат оваа манифестација,  и сите заедно со туристите во градот да го прикажеме Охрид во едно ново руво, едно поинакво светло, со една прекрасна манифестација по примерот на сите светски туристички метрополи и се надевам дека од оваа година во областа на туризмот за Охрид започнува една нова ера која што ние како локална самоуправа заедно со сите надлежни и информирани лица во овој процес сме подготвени од година во година да надоградуваме на се повисоко и повисоко ниво и како што ќе поминуваат годините, така да го надоградуваме нејзиниот квалитет како во однос учесниците, така и во однос на организација.“-рече секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.

Раководителот на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолоски ја истакна подршката која ја добиле од локалните туристички и угостителски објетки. Вели дека над 90 ресторани, кафетерии и хотели се пријавиле за активно учество во оваа манифестација преку намалување на цените на своите услуги од 10 до 30 проценти во текот на „белата ноќ“.

kafeterii popust„Ние од денес почнавме и со дистрибуција на флаер со список на сите овие објекти, така да сите оние гости кои ќе дојдат во Охрид, да можат однапред да бидат запознаени во кои места, каков тип на услуга и колкав процент на попуст се нуди. Истите овие објекти ќе бидат означени во текот на сабота со специјални маркери со износот на попустот, така да сите што сакаат да се водат според овие попусти, ќе можат многу лесно да се снајдат и преку флаерите со списокот и според маркерите кои што ќе бидат означени на нив.“-вели Ѓоко Апостолоски-Раководител на Сектор за ТЛЕР.

За наредната летна сезона, Апостолоски најави збогатување на оваа манифестација со уште повеќе содржини. Според него ова „Бело лето“ ќе им биде еден репер за наредните години. И додека оваа манифестација ќе го означи почетокот на туристичката сезона, од секторот за ТЛЕР најавуваат и посебна манифестација која условно ќе ја затвори сезоната. Од таму не ги откриваат деталите, освен тоа дека станува збор манифестација на која ќе ги промовираат традиционалните вредности со посебен акцент на традиционалната храна и пијалоци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top