Делегација на Oпштина Охрид во посета на збратимениот град Јалова, Република Турција

Делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, во рамките на неколкудневниот престој во збратимениот град Јалова, Р. Турција оствари средба со градоначалникот на Јалова, Јакуп Кочал.

 |  Голабовски Крсте  | 
bakraceski i konjanoska
бакрачески и конјаноска

Делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, во рамките на неколкудневниот престој во збратимениот град Јалова, Р. Турција оствари средба со градоначалникот на Јалова, Јакуп Кочал.

delegacijaНа средбата беа разгледувани потенцијалните можности за отпочнување на заедничка соработка во делот на туризмот, особено бањскиот туризам. Стана збор и за интензивирање на стопанската соработка, односно остварување на поблиски контакти помеѓу бизнис секторите од овие два града. Градоначалникот Бакрачески ги презентираше поволностите кои ги нуди Владата на РМ за потенцијалните странски инвеститори во општините ширум Македонија.

Раководењето со локалните самоуправи како приоритет за зачувување на имиџот на градовите како туристички и културни центри и разменување на искуства во повеќе сегменти во општественото работење беше дел од конструктивната средба на делегацијата на општина Охрид со претставниците на општина Јалова.За денеска предвидено е делегацијата на општина Охрид да ја посети Стопанската комора на Јалова каде претставниците на локалните власти ќе остварат работна средба со претставниците на бизнис секторот и со поддршка на коморските оперативни услуги ќе помогне во развојот на приватниот сектор во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top