Педест и второто издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во знакот на македонските културно-уметнички друштва.
Богати фестивалски вечери, квалитетна програма и извонреден фолклор на нациите кои ќе го изведат најдоброто од нивната традиција, ветуваат организаторите на овогодинешното издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“. Годинава, честа да го отворат педесет и воторото издание на фестивалот ќе му припадне на ансамблот за народни песни и игри „Танец“, вели Драгана Боцеска, директорката на Центарот за Култура „Григор Прличев“.
„Танец“ ќе настапи со програма којашто досега не е видена, во Македонија, со програмата со која настапија на турнејата во Шведска и Австрија, маат неолкуновии неколку обновени кореографии, ветуваат ново и несекојдневно доживување, но препознатливо за ансамблот „Танец“. Ќе ја издвојам кореографската постановка „Пијанец“, од нивна страна најавена како нешто многу атрактивно“, вели Боцеска.
Од Центарот на културата „Григор Прличев“, кој е организатор на оваа манифестација најавија дека годинешното издание на фестивалот ќе биде во знакот на големи професионалони ансамбли од Македонија, Бугарија, Србија и Турција, а ќе учествуваат и фолклорни групи и од Италија, Хрватска, Шпанија и Полска. Тука ќе бидат ансамблите„Осиек“ од Хрватска, „Абант Изет Бејсал“ од Турција, „Светозар Марковиќ“ од Србија. „Златица“ од Бугарија, „Марболени “ од Шпанија, „Пролетер“ од Босна и Херцеговина, „Трицчеле“ од Италија, „Зора“ од Унгарија, „Курпианка“ од Полска и „Никола Јонков Вапцаров“ од Македонија. Од охридските ансамбли на Балканскиот фестивал со своја фолклорна програма ќе настапат ансамблите „Бисери“ и „ОТЕКС“, како и културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Велгошти.
Фестивалот ќе започне вечерва со пропратната манисфестација, изложбата на полуприватното здружение на уметници, „Ликовниот круг од Похижек“ од Загреб, на која сите љубители на сликарството ќе може да уживаат во најновите остварувања на хрватските современи сликари.
„Ќе бидат изложени триесет уметнички слики, од четириесет реномирани хрватски автори, по некој фигуративец, но воглавно се модерни сликари. Во главно техниките кои се користени се масло на платно и акрил на платно. Сега моментално има изложба во Словенија, Марибор до 01.09, на истава тема, речиси истите сликари“, вели Стјепан Похижек уметник од Хрватска.
Балканскиот фестивал на народни песни и игри е меѓународна фолклорна манифестација, основана во 1962 година. Повеќе од дваесетина години Балканскиот фестивал е член на двете асоцијации во рамките на УНЕСКО и тоа на Интернационалниот совет на организациите за фолклорни фестивали и фолклорна уметност и Меѓународната организација за фолклорна уметност. Фестивалот е во организација на Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, а со подршка на Министерството за култура на РМ. Фестивалските вечери ќе траат од 6-11 јули, а ќе се одржуваат на сцената на Долни Сарај. Влезот ќе биде слободен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град