Бетонски бум во Охрид, полека исчезнува старата градска архитектура

Последниве десетина години, Охрид од една страна доживува урбанистички бум, но од друга полека го губи препознатливиот сјај на старата градска архитектура.

 |  Голабовски Крсте  | 
muzej
музеј

Охрид  веќе ја доживува судбината на голем број познати европски туристички места, кои поради преголема урбанизација ја загубиле својата автентичност. Охриѓани, со поделени мислења за тоа колку е изменет архитектонскиот изглед на градот. Во битката помеѓу новиот бран и автентичното, бетонот во последниве десет години е во голема предност. Урбанизацијата не е проблем кој му се случува само на Охрид,  проблем кој може да се реши преку ноќ, туку преставува и светски проблем. Експертите со свое објаснување за тоа што денес се случува со архитектонскиот изглед на нашиов град. Проф. Д-р Кокан Грчев од Факултетот за архитектура и дизајн од Скопје вели дека треба да бидеме многу внимателни, бидејќи во презентирање на идентитетот, архитектонската вредност на малите места како што е Охрид, е основата на големиот идентитет и големата култура.

Kokan Grcev„Тоа што му се случува на Охрид треба да се анализира суштински, продлабочено и структурно за да можеме да извадиме од него констатации. Ние сега ќе се обидеме наспорти тоа што можеби евидентно се случува како девијација да поставиме вредности на амбиентот, на просторот, на идентитетот на тој простор кој сам посебе ќе значи критика на се друго што не го следи таквиот пристап и таквиот принцип. Секогаш има шанси да се поправи доколку знаеме и сме свесни дека сме направиле штета. Поправањето на штета почна во оној миг кога сте констатирале дека ја има. Се додека ја замачкуваме, малтерисуваме, боиме и лажно претставуваме се дотогаш и ние самите се бавиме со лажна идентификација“, вели професор Грчев.

Институциите се обидуваат да ја минимизираат веќе направената штета, но и да спречат да се направи нова. Тања Паскали-Бунташеска, директорката на Завод и Музеј Охрид објаснува дека од 2005-та година со донесување на новиот Закон за заштита на културното наследство, ингеренциите се враќаат повторно на институциите за заштитата, па со тоа пред секоја нова урбанизација, од оваа институција се изведуваат потребните заштитно-конзерваторски подлоги како насоки за понатамошното планирање.

Ohrid„Со тие заштитно-конзерваторски основи даваме смерници за понатамошното планирање. Од кога ќе бидат изработени детално-урбанистичките планови се споредуваат со нашите заштитно-конзерваторски основи од причина да се види дали основите се целосно вградени во урбанистичките планови. Кога се тоа ќе биде испочитувано, нема никаков проблем. И при реализација на тие планови ние вршиме континуиран увид, назначуваме конзерваторски надзор, значи лица со тоа се она што би се градело диво го пријавуваме до надлежните служби и на тој начин реагираме според нашите ингеренции“ објаснува директорката Паскали-Бунташеска.

И покрај предупредувањата на експертите и заложбите на институциите кои можат да направат нешто, а и забелешките на УНЕСКО во врска претераната експанзија, Охрид и понатака останува во врвот на листата градови од нашата земја кои во последниве неколку години бележат најинтензивна градба на нови станбени единици, деловен простор и апартмани за сместување на туристи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top