Локалната самоуправа дел по дел започна да ги решава проблемите на жителите на улицата Крум Точков.
Градежните зафати на улицата Крум Точков започна со водоводот и асфалтирањето на улицата. Советникот Климе Шешоски кој е директно вклучен во проектот вели дека во моментов тимови посметрале дали постои можност да се направат сите инсталации, за да може потоа да се асфалтира. Тој додава дека е најдобро прво да се промени водоводната инсталација затоа што таму години имаат проблем со цевководот. „Ќе видиме затоа што е сезона, незнам дали граѓаните ќе допуштат да се работи или не. Целиот совет и советниците, сме заангажирани, секој во својот дел да им ја подобриме оваа ситуација на жителите од Крум Точков.“ вели Шешоски.
„Во моментов се е стопирано. Еве сега собравме потписи од граѓаните да видам која е финансиската конструкција затоа што таму не само водоводот, треба да се спуштат и каблите ќе има копање. Ако го оштетиме водоводот во овој дел ќе мораме одма да го санираме, а таму се јавуваат дефекти нон стоп. И јас сум заангажиран исто во тој дел тука се со цел да направиме. Работиме најмалку 24 часа“, вели советникот Шешоски.
Жителите од оваа населба задоволни што конечно некој се зафати да ги решава нивните проблеми. Тие вчера потпишувале изјава за замена на приклучок на водоводната инсталација до водомерите на улицата Крум Точков.
Во оваа изјава потпишана од сите жители на улицата граѓаните потврдуваат дека под морална, матријална и кривична одговорност, дозволуваат несметано да се извршуваат работите за замена и дека ископот од улицата до водомерот ќе го извршат поединечно секој на своја сметка.
„Бараме од локалната да се променат азбесните цефки и водоводните затоа што пукаат и имаат големи проблеми. Еве сега пред некој ден пукна па немавме вода скоро цел ден. Со претходниот асфалт не беа решение ни дождовните води. Се надеваме дека сега ќе биде решено. Сами копавме за да истекува за да не се прават вирови за да можеме да поминиме. Одевме во општината и баравме и асфалтирање и промена на цефките ни велеа дека не можиме сега ќе видиме покасно“, истакна Благоја Калевски,жител на ул. Крум Точков.
Калевски додава дека се надеваат на брзо спроведување на градежните зафати. Тие апелираат доколку постои можност кога ќе се асфалтира покрај се останато да се асфалтира и едно мала уличка од само 15 метри која е зацртана како улица и која многу ја користат, а никогаш не била асфалтирана. Доколку се направи и оваа улица жителите од Крум Точков ќе добијат приод до населбата од две страни.
Покрај за овие проблеми Калевски во име на жителите на нас. Грашница проговори и за останатите за кои бараат помош од надлежните. Тој кажа дека на реката не е направена од мостот, и дека на кејот има многу високи трња и треви кои стануваат змијарници со што претставуваат опасност и за граѓаните, но и за туристите. Калевски се пожали и дека делот кај калето е многу запушен. Тој вели дека и покрај тоа што се на само 10 минути од цантарот и од езерото, населбата е една од најзапуштените во општина Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град