Зонирањето е направено по улици, а за различни зони од градот, ќе се плаќаат различни цени за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште.
Од ова лето, угостителите, за поставување на маси и столови пред нивните објекти ќе плаќаат според посебно одредени зони од страна на Секторот за урбанизам при локалната самоуправа.
Ова е одлука која беше изгласана на последната седница на Советот на општина Охрид, а се однесува утврдувањето на зоните, но и висината на цените кои ќе ги плаќаат угостителите за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување урбана опрема, односно маси и столови.
„Зонирањето е во три зони, тоа е уредено по улици. Првата зона се плаќа 300 денари, втората зона 200 и третата 150 денари. Новината е во тоа што оваа година, прв пат воведуваме закуп врз основа на договор за закуп, фактички го издаваме општинското земјиште на угостителските објекти, значи пред деловните објекти.“-вели Ана Николовска од Одделението за комунални такси при Локалната самоуправа.
Еве како оди постапката доколку некој угостител сака да го закупи просторот пред својот угостителски објект за поставување на маси и столови.
„Имателите на угостителските објекти поднесуваат барање за да добијат извод од план во Секторот за урбанизам. Исто така должни се да поднесат три елаборати, а понатаму ние ќе изработиме договор за закуп. Врз основа на истиот се издава задолжение за да се уплати комунална такса за поставување урбана опрема, маси и столови. Инаку комуналната такса е 10 денари за метар квадратен на ден, а закупот врз основа на зонирањето 300, 200 и 150 се плаќа во месечен износ по метар квадратен.“-рече Николовска.
Договорите за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште угостителите можат да ги склучуваат на најмалку 6 месеци.
Од одделението за комунални такси информираат во Секторот за урбанизам добиени се одреден број на барања за поставување на урбана опрема, но доколку вакви барања не бидат поднесени, тогаш на лице место со свои мерки ќе излезе надлежниот инспекторат. Инаку закупецот на уреденото градежно земјиште, закупениот простор може да го користи исклучиво за угостителска дејност и за поставување на маси и столови. На истиот не смее да поставува друга опрема освен чадори за сонце и украсни подвижни жардињерии.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град