Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ ги откриваа убавините на шахот

Тие денес учеа како да ги местат фигурите, но и како да ги движат по шаховската табла.

 |  Мишел Наумоски  | 
sah
шах

Велат дека првиот допир шаховската игра знае да биде посебно доживување. Денес и се уверивме во тоа. Дечињата од централната градинка „Јасна Ристеска“ се запознаваа со шахот, со фигурите, со нивното движење по шаховската табла. За некои од нив ова беше прва средба со оваа античка игра, додека некои веќе знаеја по нешто за шахот.

„Јас знам да играм шах, брат ми ме научи и секогаш ме победува. Некогаш мене ме победува, некогаш јас него.“

„Со црните се фаќа белото, а со жолтото се фаќа белото.“-рекоа дел од нив.

gradinka sahОва запознавање на малите дечиња со шахот е всушност иницијатива на шаховска школа Ласкер. Целта им е што поголема афирмација на шахот.

„Иницијативата е всушност дечињава само да се запознаат со играта, најмногу да научат да ги местат фигурите и по некој потег. Типично запознавање само с оначинот на играње на шахот. Ништо повеќе. Трае еден месец, во вторник и четврток се доаѓа во централнава градинка, во среда и петок треба да се оди во Развигорче, со тоа што најавено ми е дека ќе ги спојуваат групите и Развигорче ќе се преместат во делов од централнава градинка, така да ќе се доаѓа исто тука и за дечињата од градинката Развигорче.“-вели Борис Лушевски од шаховската школа „Ласкер“.

sah  gradinkaВ.Д директорката на градинката „Јасна Ристеска“, Розе Костоска вели дека ја подржуваат оваа иницијатива на шаховската школа Ласкер, но и дека таа се вклопува и во целокупната идеја за развој на градинката.

„Почнуваме веќе да делуваме настрана од воспитно-образовната работа што ни е во програмата. Вон-наставна работа. Шах, поточно делуваме врз конгнитивниот развој на дечињата. Овие часови по шах се одвиваат во летниов период, се однесуваат на централниот објект, големата и средната група, 4-5 годишна возрас и за дечињата од Развигорче кои од утре доаѓаат овде заради малку да заштедиме, малку да средиме со објектите, да варосаме, се што треба, и од тие причини доаѓаат овде и часовите по шах ќе се организираат овде.“-рече в.д директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костоска.

В.д директорката Костоска потенцираше дека тие истовремено работат и на физичкиот и моторниот развој на децата. Инаку со шахот ќе се запознаваат околу четириесетина дечиња од двете групи, а доколку некое дете пројави посебен интерес, тогаш од Септември ќе може да ги посетува и часовите во шаховската школа Ласкер.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top