ЈП „Билјанини извори“ од денес започна да наплаќа за паркинг

Паркинг просторите кои се под нивно владение, се поделени во две зони, со различни цени, а од претпријатието најавуваат и многу новини во нивното работење.

 |  Мишел Наумоски  | 
parking
паркинг

ЈП „Билјанини извори“ започна да наплатува за паркинг. Опфатени се паркизите кои се наоѓаат на улицата „Македонски просветители“ во делот од пред маркетот Тинекс до пресекот со „Кеј Маршал Тито“, како и кружниот тек на плоштадот. Овие паркинзи влегуваат во Зона А.

parking Mak. prosvetiteliДодека улицата „Кеј Маршал Тито“до пресекот со улицата „Ванчо Николески“, улицата „Партизанска“ до „План Б“, паркингот кај хотелот „Ривиера“, паркингот на улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ пред „Стопанска банка“ како и вториот дел од улицата „Македонски просветители“ од поштата до семафорите кај Охридска банка, влегуваат во Зона Б. Во двете паркинг зони ќе се наплаќаат различни цени за паркинг.

„Цената за зона А изнесува 40 денари првиот час, 40 денари вториот час и по 30 денари третиот час и секој нареден час е по 30 денари. Зона Б, изнесува 30 денари првиот час, 30 денари вториот час, третиот е 20 денари и секој нареден час е по 20 денари.“-вели в.д директорот на ЈП „Билјанини извори“, Иван Цветковски.

parking prostoriСекретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, вели дека со предавањето на паркинзите во владение на ЈП „Билјанини извори“, тие ќе овозможат поголема рентабилност на претпријатието. Додаде дека никој нема да биде ослободен од плаќањето за паркинг.

„Сега сите ќе плаќаат за паркинг. Вклучително и ние, за нашите возила, советниците, директорите на јавните претпријатија, прва работа за која што се договоривме при преземањето на паркингот е дека за да успее овој процес, сите треба да плаќаме паркинг. И тука апелирам до јавното претпријатие, да се води сметка секој мора да плати паркинг без оглед на која позиција, функција се наоѓа во локалната самоуправа. Тоа е основа за понатаму да го бараме истото и од граѓаните и да обезбедиме рентабилност на јавното претпријатие.“-рече Димитар Спасески, секретар на општина Охрид.

kruzen tek parkingВ.Д Директорот на ЈП „Билјанини извори“ Иван Цнетковски се осврна и на неодамнешните кадровски промени во претпријатието, со кои поранешниот директор на ова јавно претпријатие беше прераспределен на позицијата наплатувач на паркинг.

„Не е сменета одлуката. Боро Шајн денеска не се јави на работа. Во текот на денот сигурно ќе има оправдување зошто е тоа така. Согласно законот, три дена ако не се оправда, се добива отказно решение. Јас верувам дека до тоа нема да дојде и верувам дека во денешниов ден господинот Шајн ќе го оправда неговото отсуство од работа.“-изјави Цветковски.

Инаку, што се однесува на паркинзите, ЈП Билјанини извори дополнително ќе склучува и месечни и годишни договори за закуп на паркинг место со граѓаните кои живеат на улиците на кои има паркинг. Месечните договори ќе изнесуваат 500 денари, додека за годишните ќе треба да се плати и по 6000 денари.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top