Охрид домаќин на манифестацијата „Ден на Езерото“

Бакрачески, Села и Шкембиј порачаа дека заеднички ќе направат се, за заштита на Охридското Eзро.

 |  Маленкова Татјана  | 
den na ezeroto
ден на езерото

Со пригодна свеченост на Градскиот плоштад во Охрид и стартот на кружниот велосипедски маратон денеска беше одбележан 21 јуни – Денот на Охридското Езеро. На манифестацијата присутвуваа градоначалниците на трите града на охридското крајбрежје, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, на Струга Зијадин Села и на албанскиот град Поградец – Артан Шкембиј. Градоначалниците едногласни дека постои голема желба , мотив и енергија од трите градови на Охридското езеро за реализирање на заедничките цели во однос на заштитата на езерото, кое нуди огромни можности и кое е дар од Господ.  Тројцата градоначалници најавија интензивирање и воведување на нови форми на соработка со цел да се пристапи кон поорганизиран настап кај Nikola bakraceski - gradonacalnikмеѓународните фактори за да се реализираат сите заложби и проекти и визии за унапредување на овој ргион, не само економски туку сеопфатно.

„Ова е регион кој споделува голем број на заеднички културно историски и социјално еконосмки придобивки, но е и регион кој има заеднички климатски карактеристики и еколошки карактеристики. Наша заедничка цел на градончалниците на Охрид, Струга и Поградец но и на локалните самоуправи овој регион во иднина го развиеме преку заедничката соработка и преку формирање на зедничка стратегија  која ќе биде појдовна основа за развој на економските политики на овој регион“, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

„Ние размислуваме и до проектот за заштита и развој  на охридското Езеро сите треба да превземеме активности за да го заштитиме ова што ми е дадено од господ, а од друга страна треба да размислиме и за развојот на овие градови. Верувам дека вакви средби ќе има уште повеќе  и дека за многу брзо граѓаните ќе имаат можност Езерото да го поминуваат со бродови“, истакна Зијадин Села, градоначалник на Струга.

den na ezeroto„Работиме за да ја ставиме под зашита на Унеско целата вода на Охридското Езеро, за преработка на отпадните води. Немаме како локална самоуправа многу ингеренции за Езерото, но ние сме преставници на граѓаните и можеме да им наложиме на властите да направат се за поголема заштита“, истакна градоначалникот на Поградец, Артан Шкембиј.

Денот на езерото започна да се прославува по една седница на бордот во февруари 2000 година. Дејан Пановски преставникот на билатералниот секретаријат открива дека тогаш не ни верувале дека овој ден ќе доживее ваква традиција. Денеска по „14 пат го славиме денот  на езерото што значи традицијата е воспоставена и дека сите вредности што ги носи традиционално чествување и овој ден ќе ги има“, додаде Пановски, со што се сложи и неговиот колега од Албанија Аријан Мероли.

„Години наназад гледаме дека се е посериозно и посерионо нападнато посебно од процесот на Урбанизација и од други процеси во контекс на Економскиот развој и она што ние како еколози сакаме да го порачаме е дека Езерото не смее да биде жртва на економскиот развој. Економски развој мора да има градот општината и крајбрежието мора да се развиваат, но тоа да не биде на штета на Охридското езеро и за тоа ќе се бориме се додека ги имаме сите инструменти за таква борба“, истакна Дејан  Пановски, преставник на билатералниот секретаријат за заштита на Охридско Езеро.velosipedski maraton okolu ezero

„Ова е ден кој не зближува. Овој ден треба да не зближи за да соработуваме во сите подрачја. Имаме направено многу работи и претходните години, но има и уште многу за работа. Немаме многу што да очекуваме од централната власт во Скопје и Тирана затоа што тие немаат чувство за луѓето кои живеат на брегот од Езерото. Затоа ни останува ние да направиме нешто повеќе за брегот на Езерото и за езерото“, истакна Аријан Мероли, билатерален секретаријат за заштита на Охридско Езеро од Албанија.

Во рамки на денешната свеченост, под мотото “Заобиколи го езерото – почитувај го езерото“, велосипедскиот клуб “Екодром“ од Охрид традиционално по четврти пат , го организираше рекреативниот велосипедски маратон околу Охридското езеро. Стартот на маратонот го означија тројцата градоначалници, Бакрачески, Села и Шкембиј.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top