Велосипедска трка за хумани цели

Велосипедскиот караван на кружната тура околу Охридското Езеро, која традиционално се вози по повод „Денот на езерото“, годинава ќе ја предводат тројцата градоначалници на Охрид Струга и Поградец.

 |  Николоска Биљана  | 
velosipedist
велосипедист

По повод „Денот на езерото“, 21 јуни, Велосипедскиот клуб „Еко Дром“, традиционално по четврти пат ја организира рекреативната кружна тура околу Охридското Езеро. Оваа тура Охрид – Струга – Поградец ,сеуште не може да да има професионален карактер, поради недостиг на финансиски средства вели Александар Јовановски од „Еко Дром“, но сепак како организатори се потрудиле годинава да воведат новина.  

velosipedist„Новинка оваа година е моментот и соработката која што нашиот клуб веќе подолг период ја има со Црвениот Крст од Охрид, дојдовме на идеја овој настан да добие малку хуманитарна позадина. натпреварот“.

Околу хуманитарните цели на акцијата проговори претседателот на Црвениот Крст, Сашо Точков. Медицинските екипи со санитарните возила како и секоја година ќе бидат на критичните точки од патеката која треба да ја поминат рекреативците, најавува Точков.

„Оваа хуманитарна димензија што оваа година ја добива оваа манифестација е доброволно учество на секој велосипедист со 150 денари кои што ќе бидат наменети за ранливите категории на граѓани. Токму така носи и носи наслов мотото на овој хуманитарен дел на акцијата „Едно срце и две тркала за хуманост“, срцето сите го имаме тркала можеме да набавиме доколку немаме можеме пешки да дојдеме на градскиот плоштад во петок во 11 часот да ја испратат трката или да учетвуваат во неа“.  

Годинава интересно ќе биде тоа што на стартот на велосипедскиот караван, на велосипеди ќе застанат градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, градоначалникот на Струга Зијадин Села, како и градоначалникот на Поградец Артан Шкемби,  информираат од Еко Дром. Маршутата започнува од охридското пристаниште и воглавно велосипедистите ќе се возат по крајбережната линија на Охридското Езеро со мали приклучувања на делови од магистралниот пат.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top