Првата „Бела ноќ“ Охрид ќе ја доживее на 6-ти јули

Хотелско-угостителските капацитети во градов вечерта на шестти јули ќе работат до раните утрински часови, а своите услуги на туристите ќе им ги нудат по намалени цени од десет до триесет насто.

 |  Голабовски Крсте  | 
ohrid
охрид

Во координација со претставници на хотелско-угостителските објекти од нашиов град, Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, го иницира одржувањето на овој културен настан, чијашто цел е преку збогатување на туристичката понуда да се зголеми бројот на туристи во овој период од летната туристичка сезона.

ohrid„На мое огромно задоволство и посетеноста на самиот состанок беше огромна и реакцијата беше фантастична, затоа што сите без никаква примедба ја прифатија оваа иницијатива, се сложија да ги исполнат оние обврски кои се преземени од нивна страна и се надевам дека на ваков начин иако оваа година реативно е малку задоцнето, меѓутоа од следните години на малку поорганизиран начин, ќе му дадеме нови содржини и на градот а со тоа ќе ја збогатиме туристичката понуда и ќе го зголемиме бројот на туристи“, објаснува Апостолоски.

За време на одржувањето на манифестацијата, која својот официјален назив треба да го добие во следните неколку дена, хотелско-угостителските капацитети во градов ќе работат до раните утрински часови, а своите услуги на туристите ќе им ги нудат по намалени цени од десет до триесет насто. Предлогот на секторот за ТЛЕР за одржување на манифестацијата наиде на едногласна поддршка од туристичките работници од нашиов град, кои понудија попуст на цените на своите услуги дури до 30% иако иницијалниот прелог беше таа вечер, цените да бидат за 20% пониски.

ugostiteli„Ние охриѓани знаете дека сме гостопримливи, и јас мислам дека нема нема да има во таа сфера никаков проблем, дали ќе биде 10,20,30% ние сме со раширени раце и ќе помогнеме колку е потребно за Охрид да биде како што треба“, вели Љупчо Патчев сопственик на ресторанот „Далга“.

Секој хотелско-угостителски објект ќе добие маркер за попустот на услугите кои таа вечер ќе ги нуди,маркер кој ќе треба да го истакне на самиот влез на објектот, а информациите ќе бидат достапни и во промотивниот материјал за манифестацијата кој треба деновиве да биде изготвен. Во рамките на манифестацијата е планиран голем концерт на градскиот плоштад, потоа присуство на ди-џеј,а туристите ќе може да се запознаат и со културно-историското како и туристичкото богатство кои Охрид ги нуди на три локации и тоа на самиот плоштад, на плоштадот кај чинарот и на самиот кеј на езерото. Од Секторот за ТЛЕР, велат дека финансиски средства за реализација на оваа манифестација имаат доволно, а очекуваат и поддршка од Министерството за култура на РМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top