Спортистите ги споделија спортските маки со градоначалникот Бакрачески

Спортистите од сите спортови кои се застапени во Охрид согласни дека нивниот заеднички најголем проблем се финансиските средства.

 |  Мишел Наумоски  | 
sportisti
спортисти

Спортистите од Охрид заедно со Сојузот на спортови ги споделија своите маки со градоначалникот Никола Бакрачески. Целта на денешната средба според градоначалникот е да се стави фокусот врз најчестите проблеми и пречки на кои наидуваат спортските друштва при вршењето на нивните редовни спортски активности во текот на една сезона. Најави поинтензивна соработка со спортските работници.

sportisti so Bakraceski„Она што јас како градоначалник на Охри и како локална самоуправа можам да кажам е дека ваквите средби во иднина ќе бидат многу чести. Ова ќе биде начинот на кој ние комуницираме со јавноста, а така и со делот на спортот, односно спортските работници од Охрид. Се надевам дека од ваквите средби во иднина ќе произлегуваат доста конкретни предлози кои што наскоро ќе ни помогнат како институции, како локална самоуправа да дадеме максимална поддршка на спортски Охрид, да дадеме максимална поддршка на клубовите и здруженијата во оној дел кој е во согласност со законските одредби и ингеренциите на локалната самоуправа.“-рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Спортистите од Охрид согласни дека финансиите и финансирањето на спортот е најголемиот проблем на клубовите кои функционираат на територијата на општина Охрид.

gradonacalnik BakraceskiТие обвинија дека во минатото често се случувало наменски доделени средства некои клубови да ги трошат на работи кои не се поврзани со спортот.

„Ние како служби на локалната самоуправа сеуште немаме комплетна анализа за тоа што се правело во делот на финансирањето на спортските клубови и затоа во овој момент не можам да шпекулирам. Но кога ќе бидат направени ревизорските извештаи и кога ќе ги добиеме материјалите од тие извештаи вклучително и во делот на Секторот за јавни дејности во кој спаѓа и финансирањето на спортски клубови, тогаш ќе можеме да дадеме конкретни податоци за овие појави.“-вели Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески изрази надеж дека во наредните месеци ќе се формира цврста организациона структура во делот на функционирањето на спортските клубови.

Додаде дека ќе ги ислушаат сите предлози на спортистите како би можеле своите политики да ги спроведуваат во согласност со потребите на спортските клубови во Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top