Несредените дворови, сериозна закана за сообраќајот

На самиот влез во населбата „Гоце Делчев, густата вегетација и несредените зелени огради од дворовите, претставуваат сериозна закана за безбедното одвивање на сообраќајот.

 |  Голабовски Крсте  | 
tabla
табла

Несредените зелени огради, како и густата вегетација, сериозен проблем за безбебедното одвивање на сообраќајот на одредени сообраќајниви во нашиов град. Посебно загрижувачка е состојбата на самиот влез во  населбата „Гоце Делчев“ ,чиишто жители стравуваат како за нивната безбедност,така и за безбедноста на нивните деца. Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид објаснува дека се запознаени со проблемот на конкретната локација

vlez naselba„Согласно законите за Животна средина,безбедност во сообраќајот и законот за јавна чистота, граѓаните имаат обврска своите дворови да ги уредат според тоа како налага законот. Нашите служби во текот на утрешниот ден на посочените локации, ќе поднесат соодветни укажувања до граѓаните да ги преземат тие законски обврски, да ги средат дворовите. Инаку законот налага, доколку тоа тие сами не го направат, нашите служби поднесуваат пријава до ЈКП„Охридски Комуналец“, кое ја санира и средува таквата состојба“ објаснува Џамтоски.

Но оваа проблематична локација посочена од граѓаните, не е единствената во нашиов град. На прашање дали од инспекторатот ќе го интензивираат мониторингот, за состојбата на останатите локлани улици, Џамтоски објасни дека иако секторите и одделенијата во општината работат според одредени програми, најважните информации за ваквите состојби доаѓаат по жалбите и указите на граѓаните.

vlez naselba„Ние не можеме во секој момент на секое место да ја знаеме ситуацијата за одредени улици, јавни површини паркови,  но упатувам еден јавен повик, до сите граѓани, во секое време, ваквите несакани, неугледни состојби да ги пријават во Локалната, а верувам, според заложбите и она што Градоначалникот Никола Бакрачески подолг период го спроведува, веерувам дека многу брзо ќе ги санираме таквите состојби“, уверува портпаролот на Општина Охрид.

Кога станува збор за трошоците, од Локалната објаснуваат дека истите ќе ги сносат сопствениците на дворните површини. Да се надеваме дека падне и по некоја казна, зошто тоа последниве години се покажа како ефикасен начин за почитување на законските одлуки, а се со цел зголемување на нивото на безбедност во сообраќајот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top