Питачите протерани од Охрид

60 тина лица кои питачеле во центарот на Охрид, вратени во своите места на живеење.

 |  Маленкова Татјана  | 
pitaci
питачи

Туристичката сезона во Охрид е на прагот, а со неа, освен туристи,  во Охрид ни доаѓаат и голем број на питачи.  31 полнолетно и 27 малолетни лица кои питачеле во центарот на Охрид, вратени во своите места на живеење.  Оваа акција ја спроведе СВР Охрид согласно pitaciодредбите на законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште. Акцијата се спроведе викендов, а од СВР најавуваат зачестени вакви акции.

Секторот за внатрешни работи Охрид презеде плански мерки за откривање на лица со непријавен престој, лица малолетници без надзор и лица кои се оддаваат на питачење.  Контрола беше извршена и кај приватни станоиздавачи каде непријавени се сместуваат лица од други градови и подрачја.  Акцијата  имаше и превентивен карактер, а целта беше елиминирање на можностите за кражби и други казнени дела.  СВР Оваа акција ја спроведе заедно со Центарот за социјални грижи, пти што во Охрид и околината биле затекнати 31 полнолетно лице и 27 малолетни лица од Битола, Прилеп, Шрип, Кавадарци Велес и Ресен.
Против лицата затекнати како питачат во нашиот град, СВР Охрид и Центарот за социјални грижи ќе поднесат соодветни пријави.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top