Ротарјанците во Охрид расправаа за иднината на регионот

Од денес па до недела, со учество на околу 300 претставници од ротари клубовите од Албанија, Бугарија, Kосово, Македонија, Северна Грција, Србија, Турција и Црна Гора, ротаријанците ќе расправаат за „иднината на регионот“.

 |  Николоска Биљана  | 
rotari
ротари

Ротаријанците во Охрид расправаат за иднината на регионот. Целта е да испратат порака за пријателство и мир од Република Македонија, како и за економска соработка и грижа за младите генерации. Претседателот на Ротари клубот од Охрид, Владо Павлоски, истакна дека чест е што Охрид е домаќин на еден ваков голем настан со кој се врши промоција на градот од повеќе аспекти.

rotari„Вакви настани се, би рекол ветар во грб, за понатамошна работа на сите ротари  клубови, во зближување на народите во дружење, затоа што оваа форма и ова ниво дава големи резултати во постигнување на мир, пријателство и сожителство“.

На конференцијата на ротаријанците свое излагање имаше и турскиот бизнисмен со голем углед во Ротари Интернационал, Орчелик Балкан. Тој рече дека многу може да се постигне преку ротаријанството во регионот и дека ќе се залага за формирање на ротаријанска мировна иницијатива на Балканот.

„Овој собир ја покажува душата и суштината на ротаријанците, која освен давање, има за цел да му помогне на регионот и целиот свет да живее во друго некое друго светло, не светлото кое ја води политиката и политичките интереси“, истакана Владо Гргиќ од Ротари клубот Бар, Црна Гора.

rotari„Од тие причини и клубовите на Црна Гора и ние претставниците на некои дела на ротари клубовите од Црна Гора и Србија, дојдовме да дадеме поддршка на клубовите од Македонија и да покажеме дека нешто што го правеле политичарите водени од некои идеи кои не се добри према сите, како што кажуваат правилата на ротари, да покажеме дека сите повторно би можеле да сме едно, да ги здружиме ротари клубовите. Од тие причини настанаа многу акции кои ги водеа клубовите на Црна Гора и Македонија заедно, клубовите од Србија, Босна, Хрватска, Турција, незнам, сега кога би набројувале веројатно вашиот прилог нема да трае толку долго колку што ние имаме направено акции и колку ќе направиме во иднина“, додава Гргиќ.

Симон Симов од ротари клубот Пирдоп, истакна дека Бугарија претставува најдинамична земја во формирање на Ротари клубови, која на ниво на земјата има 84 клубови и смета дека и Македонија треба да оди во таа насока.

rotari„Присуствувајќи денеска на таа конференција која е организирана од моите пријатели од Ротари клуб Охрид, акцентот кој е на конференцијата е дека Ротари ќе изигра многу важна улога во подобрување на односите помеѓу одделните држави на Балканот. Јас со голема гордост би сакал да најавам дека пример во тоа се Ротари клубот Пирдоп и Охрид“.
 
Учесниците на конференцијата имаа единствена можност да чујат видувања за политички, економски и социјални аспекти на животот на луѓето од регионот, преку излагањата на истакнати меѓународни експерти, широко почитувани поради своите познавања и позитивниот придонес за регионот. Меѓу нив беше Д-р Ерхард Бусек, долгогодишен истакнат политичар од Австрија Кристофер Хил, десна рака на Ричард Холбрук, проф. Д-р. Бернард Фелдерер, Др. Срѓан Керим и д-р. Калјан Банерџи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top