Нова мерка на Локалната самоуправа за такси превозниците. Секое такси возило мора да има лепенка со утврден ценовник, од Локалната самоуправа и Секторот за ТЛЕР. Со тоа се овозможува поголема транспарентност посебно пред бројните туристи кои го посетуваат градот, информираат од Локалната.
Црвена налепница со ценовник за секое такси возило. Локалната самоуправа реши да се справи со дел од охрисдските таксисти, кои на туристите им наплатуваат повисоки од утврдените цени, но и за оние таксисти, кои за охриѓани не го подмрднуваат своето возило од место за кратките дестинации. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека до Локалната самоуправа стигнале многу поплаки од граѓаните и туристите кои биле мета на неразумните таксисти.
„Со цел да се спречи таа негативна појава за нашиот град и со тоа да се остави позитивен впечаток, ние како Локална самоуправа во соработка за Секторот за туризм и локален економски развој изработивме еден ценовник кој што од денес задолжително ќе мора да биде поставен во секое такси возило кое што е лиценцирано и врши такси превоз. Со самото тоа што ценовникот е изработен и на македонски на англиски и граѓаните на Охрид и на РМ и на странските туристи ќе имаат увид во цената која што таксистот треба да им ја наплати“.
Раководителот на секторот за локален економски развој Ѓоко Апостолоски нагласи дека покрај налепницата со ценовникот секое такси возило треба да има истакнато и лиценца за работа кое ќе го легитимира возилото дека е лиценцирано и пријавено согласно законот.
„Пред се целта е да им олесниме на патниците, значи ако патникот влезе во возило во кое е истакната цената сигурно ќе знае по кој тарифник треба да се вози, доколку нема таква цена може да настане злоупотреба како што имало и досега, особено е битно што се истакнати и телефонските линии на кои што може да се реагира веднаш. Со овој потег пред се ќе бидат заштитени патниците“.
Од Локалната апелираат до сите корисници на такси услугите да внимаваат на ценовникот и доколку се случи евентуална злоупотреба во секое време да пријават до УЈП и МВР или на телефоните 198, 192. После тоа Локалната самоуправа ќе преземе санкциони мерки до пријавениот такси превозник.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град