Низа награди за Бранка Бунташеска.
Бранка Бунташеска е охриѓанката која го преставуваше Охрид и Македонија на неколку олимпијади во Турција, и од каде се врати со сребро и злато.
Таа не сака многу да зборува за своите успеси, само вели дека чест е да се претставува сопствената земја. Од почетокот на второто полугодие Бунташеска учествуваше на повеќе регионални и државни натпревари. Започна со регионалниот по физика, каде го освои трето место, за подоцна да оди на олимпијадата во Турција наменета за екологија, каде освои сребрен мадал. Од последната олимпијада по турски јазик, во Анкара – Турција се врати пред неколку денови со бронзен медал. И покрај тоа што училишната година заврши, за Бранка активностите поврзани со училиштето сеуште не престануваат.
„За неколку дена заминувам за Америка – Њу Јорк, каде заедно со Никола ќе презентира видео токму на таква олимпијада наменета за екологија“, вели Бранка Бунташеска.
Бунташеска признава дека за да се подготви за сите натпревари треба голем труд и доста одвоено време. Но сепак таа признава дека доколку се сака, време има за се. „Се обидувам да најдам средина помеѓу она што значи училиште и социјален живот“, признава Бунташеска.
„сакам да излегувам и нормално сакам да читам. И летниот период го користам за читање. Се одмарам, а филмовиме ме опуштаат. Секогаш кога имам слободно време или се дружам со пријателките или читам книга“, признава Бранка.
Единствен проблем во изминатиот период и било тоа што поради обврските немала доволно време да се види ни со домашните, ни со другарките. На ова повеќе реагирале другарките кои сепак изнаоѓале начин да ја извадат на прошетка за што им е бескрајно благодарна.
„Навистина им сум многу благодарна затоа што сиот овој период додека сум зафатена имаат огромно разбирање и тие се оние кои мене ме бараат за да излезам, а јас не и затоа многу ги почитувам“, вели Бранка.
Бунташеска иако е трета година во средно образование вели дека веќе знае што ќе биде нејзината идна професија. Се посигурна е дека образованието ќе го продолжи на медицина, но не знае која специјалност. Вели дека има уште една година за да одлучи што точно ќе биде нејзина идна професија.
Инаку Бранка покрај годинешниве успеси беше наградувана и изминативе години. Таа има освоено и трета награда на државен натпревар по физика и трета награда на државен натпревар по македонски јазик.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град