Успешно заврши јавното наддавање за поставување урбана опрема

Успешно заврши јавното наддавање за поставување урбана опрема кое се спроведе вчера. Претходното јавно надавање се поништи бидејќи од Комисијата надлежна за спроведување на огласот и извештајот од одделението за јавни набавки, констатирани беа низа неправилности во поглед на спроведување на постапката за издавање на микролокации за поставување на урбана опрема.

 |  Јаковлева Лионела  | 
opstina ohrid
општина охрид

Jавното наддавање за поставување на урбана опрема кое се спроведе вчера помина во најдобар ред, велат од Локалната. Од пристигнатите 172 понуди разгледани биле 166. 5 не учествувале во наддавањето, а една воопшто не била земена во предвид бидеќи не била комплетна. Од предвидените 25 локации за поставување фрижидери за сладолед издадени се сите. Фрижидери ќе има на Сараиште, на градскиот плоштад а најголемиот дел ќе бидат поставени по кејот.pristaniste Од предвидените 8 локации за продажба на уметнички слики исто така издадени се сите. Издадени се и сите 6 локации за продажба на книги и тоа на ул. Македонски просветители. Детски реквизити на отворено ќе има на улицата 1Мај и тоа само на две локации од предвидените 8.  Од 64те предвидени локации за сувенири издадени се само 38. Уште 28 остануваат слободни. Најголем дел од овие локации, дури 27 се наоѓаат на самиот кеј, 6 по старата чаршија и три на потегот од Горна порта према плаошник и Самоиловите тврдини. Локациите за продажба на народни носии ќе ги одобри Завод и музеј по претходна констатација дали носиите се оригинални или станува збор за експонати, велат од Локалната. Од таму објаснуваат дека слободните локации можат дополнително да бидат издадени со посебно решение од Градоначалникот или пак воопшто да не се издадат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top