Малата сцена ќе биде место на кое љубителите на уметноста ќе можат да видат графити, филмови, слики, фотографии, да слушнат поезија, диџеи.
Млади, но афирмирани уметници ќе ја добијат честа да ја отворат сезоната во летната кино-бавча. Од утре па се до недела малата сцена ќе биде вистински центар на урбаната уметност. Овие три дена ќе се одржува УФО фестивалот кој ќе понуди еден интересен спој на уметности.
Не станува збор за класичен фестивал на кој публиката и уметниците се статични, туку повеќе се работи за еден целокупен интерактивен перформанс.
„Ќе имаме еден несекојдневен фестивал. На исто место ќе се цртаат графити, ќе има музички перформански, оригами работилница, изложби на слики, изложба на уметнички фотографии, изложба на накит, филигран исто така рачна изработка, читање поезија, прикажување на филмови, неколку чешки филмови и како ексклузивитет ќе биде прикажан и новиот филм од Иво Трајков кој за прв пат се прикажува овде во Македонија, се работи за филмот „90 минути Берлин проект“.-вели директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска.
Филмот на Трајков премиерно ќе биде прикажан во 21 часот во недела, а во истиот термин следниве три дена ќе бидат прикажувани и останатите филмови.
„Секој може да си го најде своето место од 18 па се до 24 часот. Мислам дека ова ќе биде посебно интересно за младите и ете поинаков тип на уметност, не на оној класичен на кој што сме навикнати. Инаку вакви фестивали се практикуваат повеќе во големи градови, во големи центри, но зошто да не и во Охрид, кој секако претендира да биде еден културен град кој што изобилува со различни типови на уметности и различни типови на култура и мислам дека ќе биде ова еден интересен начин и како да почне да функционира летната сцена кино-бавча. Младите ќе и дадат еден нов дух, дух на новото време.“-рече Боцеска.
Инаку УФО фестивалот се одржува по втор пат, а годинава како организатори се јавуваат луѓето од Центарот за културен проток АРТерија, потпомогнати од Центарот за култура „Григор Прличев“ и Министерството за култура.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град