Проблемот со високата стапка на невработеност ќе се решава со подобра регионална соработка.
Поискусните земји ги пренесуваат своите искуства, а останатите своите планови за справување со овој проблем.
После Австрија земја со најниска стапка на невработеност е Германија. Претставникот од сојузното министерество за труд и социјлни работи од Германија, Волвганг Ондорг, вели дека земјата се соочила со сериозно намалување на економскиот раст по кризата од 2008 год, но додава дека се спревиле со овој проблем и веќе по една година од кризата успеале да постигнат подобра регионална соработка и раст од три проценти кој следел во следните години, со што успеале значително да ја намалат навработеноста во земјата.
„Невработеноста во Германија е 5.6 проценти што во споредба со другите замји е навистина низок процент. И невработеноста кај младите до 25 години е една од најмалите и изнесува околу 7,5%. Имаме доста стрикни програми за намалување на невработеноста кај најмладите. Многу е важно да се споменат нашите програми за обука за струка каде откако ќе заврши со образованието младите почнуваат со одредена работа обука во конкретни претпријатија и повеќе од 90 % од тие млади лица кои се дел од оваа обука работодавачот ги задржува“, вели преставникот од сојузното министерство за труд и социјални работи од Германија, Волвганг Ондорг.
И претстваникот од Ирска се сложува дека обуката е клучна во вработувањето. Френк Кавана, консултант за пазар на труд од Ирска вели дека секогаш ги убедуваат оние кои бараат работа, да посетуваат обуки, затоа што долгорочно гледано тоа е во интерес на работодавачите бидејќи ќе им требаат обучени струки. Кавака вели дека најбарани се математичките струки природно научните струки информатичките технологии и инжињерите, лекари и сите работни места кои нудат лична услуга. Невработеноста во ирска денеска е 14 %, а во 2007 год била само 5 %. Порастот на овој проблем се должи на банкарска криза во 2008 год.
„Ако ме прашате која е тајната на нашиот успех, тоа е што нашата економија е многу силна. Не е како во другите земји. Ншата криза беше во поглед на банкарството, за што не добивме помош од други земји. Клучниот елемент би рекле дека се системите за образование и обука. Како во Германија имаме ваков ситем за обука во струка, но не е толку општирен како германскиот, нашиот е фокусиран на техничките струки, градежните, така да имаме многу помал број на вакви занимања кои се опфатени со ситемот“, вели Френк Кавана,консултант за пазар на труд од Ирска.
Секој има рзлични проблеми кога станува збор за невработеноста. Во Македонија според искуството за агенцијата за вработување , важи онаа народната „Барам за да ненајдам“. Според првиот човек на агенцијата за вработување Влатко Попоски ситуацијата во Македнија е промената во однос на минатите години. Тој открива дека мината година во четвртиот квартал заводот за статистика ја измерил најниската стапка на невработеност од 30,6 проценти. Попоски открива дека агенцијата за вработување води регистрација на оние кои бараат работа. Во 2012 год, со новиот закон биле направени два регистри, а во иднина ќе бидат три. Првиот е наменет за невработени кои активно бараат работа, а вториот е за група на лица кои браат работа, а не се во состојба во овој момент да ја прифатат“, вели директорот на агенција за вработување.
„Во последно време имаме се повеќе и повеќе слободни работни места кои се непополнтети. Тоа е друагата страна на оваа работа, бидејќи и приватните стопанственици и приватните агенции за посредување се жалат дека многу тешко се доаѓа до кадар соосдветен и квалитетен кој одговара на позициите кои се бара да се вработи, односно се одбива работа иако платата за тоа не е соодветна, сепак за нивното образование е соодветна, бидејќи ако ги видиме бројките и во едната и во другата група ќе видиме дека преовладува ниското образование“, вели Попоски.
Инаку денеска и утре во Охрид се одржува средба на агенциите за вработување на сите регионални агенции за вработување без оние кои се членки на ЕУ и Хрватска која е аспирант за влез во ЕУ. Средбата е под покровителство на европската комисја. На средбата се разменуваат искуства како земјите да се справат со невработеноста. По оваа средба сите очекуваат подобра регионална соработка, затоа што сите земји ги имаат истите проблеми, а тоа се: образованието, структурата на невработените, стареењето на населението, понудата на работни места.
Македонија и досега невработеноста ка намалуваше преку национлна сретегија, но тоа незначи дека во иднина нема да внесе и позитивни искуства од соседните земји.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град