Претходното јавно надавање се поништи бидејќи од Комисијата надлежна за спроведување на огласот и извештајот од одделението за јавни набавки, констатирани се низа неправилности во поглед на спроведување на постапката за издавање на микролокации за поставување на урбана опрема.
Денес се повтори постапката за јавното наддавање за поставување на урбана опрема. Согласно Решението донесено од страна на Градоначалникот за поставување на урбана опрема се поништи делот на јавното надавање кое се одржа на 04.06.2013 година. Претходното јавно надавање се поништи бидејќи од Комисијата надлежна за спроведување на огласот и извештајот од одделението за јавни набавки, констатирани се низа неправилности во поглед на спроведување на постапката за издавање на микролокации за поставување на урбана опрема.
Портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски вели дека заложба на Градоначалникот и на Локалната пред се е интересот на граѓаните и нивна рамноправност во искористување на правата, па поради тоа и се повторила првата лицитација каде биле констатирани голем број неправилности.
Сите учесници кои тогаш доставија комплетни понуди по наведениот оглас имаа можност да учествуваат и на денешното јавно наддавање, додаде Џамтоски
Инаку, за потсетување советниците ја изгласаа годинешната предлог-програма за поставување урбана опрема на 17 мај. Според неа на површината меѓу трговскиот центар Амам и угостителскиот комплекс Летница по пешачката улица „Свети Климент Охридски“ е планирана за изработка и продажба на уметнички слики и изработка на портрети. Презентација и продажба на народни ракотворби ќе има на Сараиште, од дворното место на Куќата на Уранија, пред куќата на Христо Узунов. Книги ќе се продаваат на старото место, на просторот меѓу трговскиот центар Амам и комплексот Летница по троторарот на улицата „Македонски Просветители“. Со новата предлог-програма е планирано тезгите да бидат типизирани и унифицирани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град