На советниците им требаше еден час за да го донесат дневниот ред за шестата седница на совет.
Советниците на денешната шеста седница на совет дискутираа исклучиво за точки од предложениот дневен ред и покрај обидот на опозицијата да вметне уште неколку точки, а кои по подолга дискусија не беа прифатени.
Имено предлозите на координаторот на советничката група на СДСМ Томислав Тунтев кој побара советот да добиe Информација за активностите на Плаошник, информација за инвестицијата на Субрата Рој за Љубаништа и информација за Аеродромот за вода, советот не ги прифати. Сепак ставот на Тунтев е дека советниците и охриѓни имаат право да знаат што се гради на Плаошник и што се случува вон донесениот урбанистички план за овој потег.
„Зошто сме ја замарале јавноста со овие барања. Ами зошто медиумите ја заморуваат јавноста со 100 денари наплата на Плаошник. Чија е таа идеја? Кој горе во тие резиденции ќе живее? Кој ќе живее во најсветото место. Кој ќе прави бизнис горе? Тоа се информации кои ние сакаме да ги слушнеме. И ако не се во тек тековните активности да се стопираат дури се во тек, за да не настане голема штета. Како немаат ингеренции градоначалникот и советот? Јас реков ингеренциите формално се можеби одзмени со одредени закони, како што е закон за туристички зони, закон за културно налседство, за јадрото на Охрид , но тоа не ги анулира урбанистичките планови“, вели координатор на советничка група на СДСМ, Томислав Тунтев.
Советниците не ги прифатија овие предлози како точки за дневниот ред гласајќи со 8 гласови ЗА и 15 против. Вака се гласаше по објаснувањето на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески кој запраша: Зошто локалната да бара вакви информации од надлежните, кога тоа не е наша обврска. Наша работа е деноноќно да работиме на превлекување на странски инвестиции. Спасески додаде дека ни советот, ни градоначалникот немаат директна надлежност врз овие прашања. Што се однесува до инвестицијата на Субрата Рој, секретарот рече дека локалната на овој проект гледа како револуција на Охрид.
„Да, од нас беше побарано како локална самоуправа да изготвиме определени информации. Советот не прифати тие точки да бидат на дневен ред и нашето мислење како претставници на локалната самоупарава беше дека немаме потреба од такви информации затоа што правилото е ако сакаш некоја работа да не се заврши, тогаш да се формира работна група и да се подготвува информација. Ниту едно од овие прашања не се во директна надлежост на локалната самоуправа. Дополнително јас претпоставувам дека не ги интересира ни колку состаноци се одржале, ни колку тимови се формирале. Тие на крај го барат финалниот резултат“, вели секретарот на локална самоуправа,Димитар Спасески.
Советниците од опозицијата пред донесувањето на дневниот ред запрашаа зошто локалната администрација бара програми за работа во одделните сектори и области, а не со измени и дополнувања на старите. Образложението на секретарот по однос на ова прашање беше затоа што по локалните избори, на кои градоначалникот победи со доста убедлива разлика врз точно утврдена програма со која на граѓаните им беа ветени конкретни проекти. Ние не го прифаќаме предлогот на опозицита, рече секратарот Спасески, затоа што сметаме дека тоа е непотребно туку напротив дека треба со нови програми и нови акциони планови и нов дух во рамки на тие програми да тргмнеме кон остварување на нашата програма за која сме сигурни дека ќе донесе бенефит за сите граѓани на општина Охрид.
На денешната седница советникот од ЛДП Дејан Блажески предложи советниците финансиски да и помогнат на 18 годишната охриѓанката која мора под итно да се оперира во Виена. Овој предлог советниците го прифатија, но беше констатирано дека правно како точка неможе да биде ставено на седница на совет, туку советниците се сложија поединечно да уплатат средства на сметката одредена за оваа намена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град