Малите охриѓанчиња другаруваа на хуманитарната „За посреќно детство“

Музика, пеење, аеробик, спорт, здравје, приказни. Исполнет ден и за децата и за родителите, а сето тоа со благородна цел-да им се помогне на децата од ранливите категории.

 |  Мишел Наумоски  | 
detstvo
детство

Хуманитарната спортско-рекреативна и едукативна манифестација, „За посреќно детство“, вистински празник за малите охриѓанчиња. Собрани во огромен број на градскиот плоштад, но и во делот пред Охридско лето, децата другаруваа, спортуваа, учеа, слушаа приказни, песни и имаа безброј други активности.

kozmetika Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст од Охрид, кои се јавуваат како организатори на оваа интересна манифестација вели дека децата има и што да видат, и што научат на секој еден од поставените штандови на градскиот плоштад.

„ Голем број на луѓе можат да се забавуваат со фитнес центарот на Инфо биро каде што има на секои половина час сесии. Тука се и од територијалната противпожарна единица која што им покажува на децата како работи противпожарното возило, како тие излегуваат на акции. Значи голем број на атрактивни содржини и она што е врв на се е пунктот на стоматолошкиот центар д-р Баткоски кои што се поставени тука, ги кажуваат своите совети на децата им даваат едукативен материјал, им вршат прегледи на хигиената на устата и здрави заби.“-рече претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков.

prikazni posrekno detstvoГолем интерес кај дечињата, но и кај родителите побудија штандовите на охридските занаетчии кои се пофалија со своите вештини и изработки.

„Имаме презентација на резбарски услуги, производство на украсни свеќи, кожни производи, фризерски услуги, козметички услуги, бесплатно шминкање, плетенчиња правење за дечињата.“-вели претседателот на регионалната занаетчиска комора, Сашо Богоески.

За спортскиот карактер на манифестацијата се погрижија големиот број на дечиња кои се натпреваруваа во фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, шах, пикадо, а за освоените места си добија и награди. Хуманитарниот карактер на манифестацијата пак, го обезбедија граѓаните кои со купувањето на учесничките бонови им помогнаа на децата од ранливите категории.

Токму овие учеснички бонови ќе донесат и убави награди за оние најсреќните, а извлекувањето на истите ќе се случува на 15ти јуни во 18 часот на програмата на телевизија ТВМ.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top