Слатинско Езеро пред еколошка катастрофа

Нивото на водата на оваа вештачка акомулација од 9 се спушти на еден метар. Од здружението на рекреативни риболовци од Охрид, најавија спас на рибниот фонд со негово изловување, кое ќе се изведе во текот на утрешниот ден.

 |  Николоска Биљана  | 
slatinsko ezero
слатинско езеро

Вчера требаше да биде првиот ден за риболов на Слатинското Езеро.radovan Наместо тоа рибниот фонд ќе се излови бидејќи езерото е пред еколошка катастрофа, открива претседателот на здружението на рекреативни риболовци Св Апостол Петар, Радован Димитриески. Според него ваквата состојба се должи на непреземањето  мерки за санација на пукнатината од браната.

„Хидробиолошкиот Завод вчера на Совет донесе мислење, да рибата се излови, при што ќе се изврши здравствен преглед на рибата и капиталните примероци на краповите ќе се префрлат во дворот на хидробиолошки завод во нивното мрестилиште за крап, додека пак поситната риба ќе се префрли во сливното подрачје на Охридското Езеро, на Требенишко езеро и Сини вирови. На ова мислење нивно Министерот за земјоделие донесе одлука со кое ни нареди ова ние да го направиме“.

slatinsko ezeroДимитриески тврди дека сеуште не се знае кој ги има надлежностите околу браната на Слатинското Езеро. Додава дека работите биле дотаму измешани што ниту ресорното министерство сеуште нема излезено со официјален став во врска со тоа. Инаку според проценките на Димитриески со точност не може да се утврди колкав е рибниот фонд во акомулацијата бидејќи од 1994 година од кога е направено последното вештачко порибување не е направена сондажа.

„Ние мислиме дека има 5-10 тона  но во овие пукнатините што се појавија сега по повлекување на водата во нив наоѓаме мртви риби. Изловивањето на рибата ќе биде мачка во вреќа“.

Браната не е безбедена за минувачите и претставува потенцијална опасност за сите граѓани и љубители на природа и риболовците, нагласува Димитриески. Додава дека за тоа упатиле апел до надлежните министерства, до Центарот за  кризи и за жал до овој момент ништо не било направено од нивна страна. Димитриески сугерира барем да се постави знак за забрана за поминување се додека не се утврди дека теренот е безбеден.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top