Мал процент на наплата на гробарина бележи евиденцијата на ЈП Градски Гробишта – Охрид. Директорот Зоран Симоноски загрижен е поради тоа, но сепак, верува дека за брзо време ќе изнајдат начин во соработка со граѓаните, проблемот со слабата наплата да се надмине.
Слаба наплата за гробарина. Услугата за одржување на градски гробишта започна да се применува од 2011 година согласно одлука на Советот на општина Охрид. Директорот на ЈП Зоран Симоноски, вели дека околу наплатата на гробарината се појавиле многу нејаснотии кај лицата кои поседуваат гробно место.
„Има некои нејаснотии кај граѓаните точно, имаме секојдневни приговори граѓани кои што идат за појаснување, за што се работи сакам да појаснам. Имаме голем број на гробни места поточно некаде околу 1200-1300, кои што не се внесени во нашиот компјуерски систем и за кои ние немаме никаква евиденција. Имало некоја писмена евиденција и во моментов работиме на тој случај на откривање на идентитетот и на починатите и на старателите на гробните места. Инаку наплатата во финансиска смисла е многу слаба“.
Директорот признава дека проблемот со невнесените гробни места во нивната компјутерска евиденција е посебно изразен кај муслиманскиот дел од гробиштата. Тој повика на соработка со сите оние кај кои се јавува проблем од ваква природа, со напомена дека за сите потребни зафати кои треба да ги направат службите на ЈП, корисниците на гробни места нема да бидат изложени на дополнителни трошоци.
„Според нивните обичаи таму на некои гробни места се ставаат само дрвени нишани, па за одреден период тие дрвени нишани скапуваат или тоа што е напишано тоа не се гледа од временските услови. Имаме сериозни проблеми и апелираме тие што имаат конкретни проблеми со гробните места на починатите а не можат да ги најдат да дојдат тука и заедно со нашите служби заеднички да ги пронајдеме и со нивна дозвола да направиме дополнително обележување“.
Симоноски напомена дека при крај се со подготовките околу наплатно информативниот центар, кој е предвидено да се отвори до крај на месец јуни во дел од просториите на градското пазариште. Исто така ја спомна добрата соработка со сите погребални оператори. Но сепак, Симоноски, остави простор за дискусија, откако ќе дојдат извештаите од анализите на стручните служби за тоа што се работело во изминатиот период од страна на старото раководство на ЈП Градски Гробишта.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град