40-годишниот НБА ветеран Џејсон Кид одлучи да стави крај на својата богата кошаркарска кариера и да замине во пензија.
Досегашниот плејмејкер на Њујорк никс, во 19-годишната кариера настапуваше и за екипите на Феникс, Њу Џерси и Далас, со кој во 2011 година ја освои шампионската титула. Иако лани потпиша тригодишен договор со тимот од Големото јаболко, кошаркарската икона одлучи дека е дојдено вистинското време да се повлече.
– Мојата кариера е навистина неверојатна. Кога почнував, не ни сонував дека ќе стасам до тука, и дека на крајот од кариерата ќе има ваков статус. Им благодарам на сите кои ме подржуваа, моето семејство, соиграчите и навивачите. Во текот на овие години настапував за четири тима и за сите ме поврзуваат одлични спомени, убави емоции и пријатели кои ги стекнав – изјави 40-годишниот Кид.
Кид одигра 1.391 натпревар, со што се наоѓа на шестото место на вечната листа, притоа забележувајќи 17.529 поени. Тој е втор најдобар кошаркар по бројот на асистенции на вечната листа, со 12.091 асистенции, зад славниот Џон Стоктон, а исто така е трет е во историјата на лигата со 107 трибл-дабл постигнувата, и прв меѓу бековите по бројот на скокови (8.725).
Тој 10. пати има настапено на Ол стар натпреварите, четири пати е избиран во првата дефанзивна петорка на лигата, а оваа сезона стана првиот играч кој два пати едноподругп ја добива наградата „Џо Думарс“ за фер плеј.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град