Обнова на акцијаштвото

„Брег на младоста“-Охрид 2014, е прв работен камп во Р. Македонија, со кој после 3 децении се обновува акцијаштвото. Денес во охридскиот извидинчки камп беше потпишана и декларација за афирмација на акцијаштвото и волонтеризмот.

 |  Николоска Биљана  | 
akcija
акција

 

Обнова на акцијаштвото. За прв пат во Македонија започнува иницијатива за отворање на волонтерски работен камп или продолжување на  акцијаштвото кое започна во Охрид пред 30 години со организирањето на првата работна сојузна акција Охрид 1984 година. akcijaДенес во извидничкиот камп беше потпишана и декларацијата за афирмација на акцијаштвото и волонтеризмот на сите клубови учесници.

„Ја поздравуваме и прифаќаме заедничката платформа на здруженија и клубови за доброволни работни акции и волонтеризам, ги поддржуваме напорите на ОН и меѓународната заедница за промовирање, афирмација и практицирање на волонтаризмот, се обврзуваме за активно учество на средби, кампови, едукации и практични волонтерски акции на локално, регионално и глобално ниво“.

Основа на волонтерското ангажирање ќе биде заштита на човековата околина, вели Славко Николовски од иницијативниот одбор на здружението. Додаде дека во таа насока од голема важност било и вклучувањето во активностите на Дејан Паноски, кој пак најави дека одредени волонтерски активности ќе започнат во рамките на проектот за заштита на Дримскиот басен во наредните 4 години.

akcija„Ваквата идеја започна во 2013 година, пред една година многумина беа изненадени од тоа што размислуваме и каква е иднината повторно да се возобнови акцијаштвото но ние рековме дека од таа идеја ке направиме и конкретна работа“.

Возобновувањето на акцијаштвото е идеја на Зоран Стевоски. Тој  рече дека во минатото акциите биле најпозитивниот дел во историјата и од тие причини во овој момент и западнте земји ги практикувале.

„Значи го зедоа она што беше она најпозитивно, каде што бевме најискусни и со најголем стаж кај што младите одеа и градеа овјекто од капитално значење. Така е и водоводот Охрид – Метропол изграден, така е започната иницијативата за откопување на амфитеатарот, да ги спомнам и автопатот Братство и единство и многу други објекти.

Чувството дека може да се врати некогашниот дух на акцијаштвото, постои, веруваат акцијашите од екс југословенските простори. Дел од нив кажаа дека им претстои задача да им помогнат на младите и да им ги прошират видиците за да го оживеат волонтеризмот и младинската работа.

akcija„Охрид е нешто посебно за мене, имам добри спомени и затоа се огласувам и ќе доаѓам секогаш кога ќе биде потребно, и кога ќе се организираат средби и други активности“.

„Секој од нас во своите средини на работното место ги запознава своите колеги, деца и  ученици што се случува на нашите средб, благодарение на фејсбук контактираме и имаме многу наши групи. Без разлика што сме во различни држави ние сеуште зборуваме на исти јазик, со срцето, и сите се разбираме и го трасиравме тој пат пред пет години и после тоа се гледаат резултати.

Деновиве во Охрид присуствуваат 80 претставници на акцијашки  здруженија и клубови од екс Југословенските простори и 20  домашни. Покрај предвидените активности гостите ќе го разгледаат и Охрид и дел од неговото богато културно историско наследство.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top