Македонските граѓани од утре ќе следат телевизиска програма само преку дигитален сигнал.
Македонските граѓани од утре ќе следат телевизиска програма само преку дигитален сигнал. Ова треба да овозможи кристално чиста слика, беспрекорен звук и нови интерактивни услуги.
Охриѓани генерално запознаени со дигитализацијата. Само мал дел од нив нити слушнале нити знаат што оваа промена ќе им овозможи.
Двата кабелски оператори во Охрид Инфел и Алтрасат 2000, комплетно подготвени за да ја спроведат дигитализацијата во целост. Сопственикот на првиот кабелски оператор во Охрид – „Инфел“, Гоце Иваноски во телефонскиот разговор ни кажа дека за дигитализацијата се подготвени уште пред 4 години. Тој е крајно изненаден зошто токму се крева толку голема врева, кога според него промените биле најавени навреме, и имало доволно време операторите да се подготват.
Сопственикот пак на кабелскиот оператор Алтрасат Томе Трајаноски вели дека граѓаните сп дигитализацијата нема да изгубат ништо туку напротив само добиваат. Цената која граѓаните ја плаќаат останува непроменета.
„На корисниците на услугите на Алтрасат 2000 нема да им треба дополнителен уред за да ја следат програмата. нема да има промени ни во цената која ја плаќаат граѓаните“, вели Томе Трајаноски, сопственик на Кабелски оператор „Алтрасат2000“.
Од вкупно 61 телевизија во целата држава 60 телевизии побараа промена на дозволата од Советот за радиодифузија за премин од аналогно во дигитално емитување. Од нив 30 телевизии ќе емитуваат програма преку ОНЕ, а 30 преку кабелски оператори. Инаку исклучувањето на аналогниот сигнал ќе ослободи поголем фрекфенциски опсег, што ќе овозможи за 16 пати да се зголеми бројот на програми, од сегашните 49 на 400. Дигитализацијата овозможува воведување и на 4G (четврта генерација на широкопојасни мобилни мрежи) со што се обезбедува голема брзина на интернет пристапот. Ќе се добие и повеќеканален тон, титлување на повеќе јазици и можност за избор на саканиот јазик, електронски телевизиски водич со термин на прикажување и опис на емисиите до седум дена однапред. Евентуални проблеми во дигиталното емитување на телевизиските сигнали граѓаните ќе можат да пријават на бесплатниот телефонски број 190 во контакт центарот на Агенцијата за електронски комуникации, а ќе може да се обратат и до Советот за радиодифузија.
Во регионот Македонија е прва држава што ќе премине на дигитално емитување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град