Нискоградба ќе обележува дел од улиците

За дел од патната сигнализација, обележување на пешачките премини и кружните текови ќе се грижи ЈП Нискоградба Охрид. Локалната го ангажира ова претпријатие со цел да му понуди помош за излез од тешката финансиска состојба,  а воедно и да види дали претпријатието има капацитет да одговори на задачата.

 |  Николоска Биљана  | 
pesacki
пешачки

pesackiЈП Нискоградба Охрид на тест пред Локалната самоуправа. Иако од основањето на ова ЈП една од дејностите е изградба, одржување, реконструкција и заштита на локални патишта, улици и други објекти, ова претпријатие од годинава за прв пат ќе обновува дел од патната сигнализација на локалните патишта.

„ЈП Нискоградба Охрид се вклучува во дел на обележување на градските сообраќајници. За почеток Локалната самоуправа го ангажира ЈП за просторот вон централното градско подрачје, од причина да ги види неговите технички и човечки перформанси со кои располага, информираат од Локалната“.

В.Д директорот  на ова ЈП, Никола Икономовски, вчера одржа прес конференција на која на новинарите им ја образложи состојбата која ја затекнал во претпријатието, меѓу другото ги напомена и новите активности кои му ги доверила Локалната

„Сега ни е доделено обележување на улиците, ќе ги обележуваме можеби не оние централните траки затоа што немаме таква машина, дел од тендерот го добивме ние мораме да работиме на тоа“.

Изјавата на В.Д  директорот во делот за учество на ЈП на тендер е контрадикторна со брифингот од Локалната. Од таму децидни, дека ЈП се формираат за одредени цели и дејности и доколку дејноста е застапена во рамките на функционирањето на претпријатието, нема потреба претпријатието да учествува на тендер, бидејќи добиваат налог од локалната за извршување на дадената обврска, за што им се плаќа по цена утврдена од Советот на општина Охрид.
pesackiЕкипите на Нискоградба сеуште немаат отпочнато со зафатите околу обележувањето на пешачките премини и кружните текови. Од Локалната информираат, дека тимовите на Нискоградба ќе ја обновуваат патната сигнализација на почетокот од Туристичка до внатрешноста, но не и во централното градско подрачје.
Обновувањето пак на патната сигнализација во централното градско  подрачје  оди со тендерска постапка. Денес 31 мај, беше последниот ден за пријавување на тендерот, кој годинава е изготвен по детално образложени стандарди, информираат од Локалната. Во дел од тие стандарди стои: Понудувачот бележењето на хоризонталната сигнализација треба да го изврши со бела боја, која ќе овозможи функционалност најмалку 180 дена од изведувањето на работите.  
Обновувањето на патната сигнализација во последните неколку години ја изведуваше економскиот оператор „Техника“ од Охрид кој на општината годишно и фактурирал околу 7,5 милиони денари.
Останува отворено прашањето зошто досега ЈП Нискоградба не беше ангажирано за обновување на патната сигнализација, бидејќи оваа дејност е застапена во рамките на функционирањето на претпријатието. В.Д директорот Икономовски ни посочи одговор на ова прашање да побараме од екс градоначалникот и екс директорот на Нискоградба.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top