Ситуацијата во „Нискоградба“ ништо поразлична од останатите ЈП

По ревизијата на ЈП Нискоградба ситуацијата слична како и кај останатите јавни претпријатија.

 |  Маленкова Татјана  | 
JP Niskogradba
ЈП Нискоградба

Новоназначениот директор на ЈП „Нискоградба“, Никола Икономовски јавно проговори за состојбата во која го превзел претпријатието. Тој открива дека со превземењето на функцијата затекнал три неисплатени плати и вкупен долг на ЈП од 67.963.194 денари.  Блокирана сметка поради извршни судски решенија и неплаќање на данок по основ на ДДВ од 5.096.830 денари. Обврски спрема ЈП во Охрид 14.252.712 денари, обврски за неисплатени телефони 64.395 денари, а спрема угостителски објекти како репрезентација 632.523 денари. Nikola Ikonomovski
  Икономовски кажа дека од основањето на ЈП годишно за репрезентација се трошени просечно по 1. 262.114 денари. ЈП Нискоградба побарува околку 65 милиони денари.

„На 02 мај бев назначен за директор, а истиот ден беше разрешен претходниот. замислите вчера ми стигнува фактура од Сончева Порта, направена на 15 мај и 2013 год. а претходниот дитектор од 13 мај е на одморм. За ситна работа од 2.010,00 денари. Се однесува како да е директор дали жали за работното место или сака да ме понижи мене, незнам. Неможам да го сватам ова“, вели в.д директор на ЈП Ниско градба, Никола Икономовски.

 Икономовски покажа и опомена од УЈП за блокирање на сметката поради неплатени долгови. Тој вели дека колку што може ќе се труди сите долгови да ги сведи на минимум, со цел претпријатието да почне нормално да функционира.
Директорот на ЈП Нискоградба откри уште една како што кажа невкусна работа која ја сретнал во работата на екс директорот.

„Има земано за плата на работнициве за административни забрани во вредност од 206 илајади денари, задршки за осигурање, одземанине се на плата на работнициве, а према банките и извршителите не се           пJP Niskogradbaлатени парите. И сега имав случај  од 40 илјади и нешто сега повторно е дојдена некоја судска забрана од 60 и нешто илјади. 50 % е крената фактурата што ние терет, треба ние да го сносиме како фирма. Го пријавив случајот искрен да бидам“, вели Икономовски.

Покрај за финансиски проблеми директорот на Нискоградба се пожали дека во ЈП затекнал непотизам, поточно премногу семејни вработувања.

Инаку и покрај затекнатите долгови  Икономовски, оптимистички гледа на работите. Тој открива дека имаат многу работа. Доделено им е обележување на улиците со зебри на кружните токови, поставување на сообраќајни знаци, поставување на забавувачи на брзина.  Новите обврски кои ги доби ЈП може да јави потреба и од дополнителна работна сила во ЈП Нискоградба.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top