Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Сречко Катанец, по завршување на квалификациите за светското првенство во фудбал дефинитивно ќе ја напушти селекторската позиција.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Сречко Катанец, по завршување на квалификациите за светското првенство во фудбал дефинитивно ќе ја напушти селекторската позиција.
За Словенецот, Македонија не располага со квалитетни фудбалери кои можат да се натпреваруваат, пренесе телевизијата Алсат.
Катанец денеска на средба со новинарите зборуваше „без ракавици“ за дел од фудбалерите.
Според него дел од фудбалерите немаат капацитет за да играат во репрезентацијата бидејќи системот на игра кој тој ја спроведува не им одговара.
„Неџипи не може да игра во ова ниво како што се натпреварите на репрезентацијата, како што мене ми е потребно. Можеби може да игра во некој друг систем, но не може да игра во ова ниво како и Демири и многу други фудбалери“ изјави Катанец.
Според Катанец, Македонија има една специфична екипа бидејќи нејзините фудбалери не можат да играат модерен фудбал.
Словенецот рече дека можно да ја напушти репрезентацијата и пред затварање на елиминациониот циклус ако Македонија ги губи шансите за второто место во групата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град