Во кампањата за враќањето на борењето на Олимписките игри се вклучи и актерот Џеј Мор кој и самиот бил борач во средношколските денови.
Во кампањата за враќањето на борењето на Олимписките игри се вклучи и актерот Џеј Мор кој и самиот бил борач во средношколските денови.
Единствениот спорт на кој Македонија како независна држава има освоено медал на Олимпијада, можеби повеќе нема да биде на програмата од Олимписките игри. Спортот во кој не се вртат големи пари и единствена сатисфакција е освојување на медал на Олимписките игри, со одлука на Меѓународниот олимписки комитет од 2020-та година ќе се избрише од олимписката програма.
Од Олимписките игри во 2016-та година во Рио ќе бидат додадени голфот и рагбито, а во септември оваа година МОК ќе донесе одлука кој спорт ќе биде 26-от во 2020-та година. Борењето има шанса да остане на Олимписките игри, а за испразнетото место ќе се бори со бејзбол/софтбол, карате, трки со ролерки, спортско планинарење, сквош, вејбординг сурфање и боречката дисциплина вушу.
Неколку големи сили во овој спорт меѓу кои се и САД и Иран се обединија и започнаа кампањи за враќање на борењето на Олимписките игри, своја кампања води и актерот Џеј Мор.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град