Целта на акцијата е подигнување на јавната свест за значењето на оваа шума, но и алармирање на надлежните служби.
Еколошка акција за спас на боровата шума под Самоиловите тврдини. Преводена од еколошкото друштво „Грашница“, акцијата е насочена кон отстранување на бршленот од боровите, но и останатите дрва. Ова инвазивно растение според екологистите од „Грашница“ ја има нападнато скоро целата шума на потегот од Самоиловите тврдини до месноста Плаошник.
„Ова е само еден дел каде што бршленот е распространет, но има и други делови од градот каде што бршленот има нападнот и други дрва и претстои опасност оваа шума да се деградира бидејќи бршленот се обвива околу стеблата на дрвата, тоа ја зголемува нивната тежина и при посилни ветрови и поголеми снегови, дрвата се многу поподложни на паѓање, на кршење, односно нивно уништување. Затоа оваа акција е насочена кон отстранување на бршленот но и да се даде внимание во јавноста, односно, надлежните служби да посветат поголемо внимание на оваа шума и да ја заштитиме, затоа што таа е пошумено многу години порано. Сметаме дека е дел од зелената површина во градот која што многу ни недостига и она што е малку зелено останато, треба да се сочува.“-вели претседателот на еколошкото друштво „Грашница“, Ѓоко Зороски.
Во оваа еколошка акција, покрај членовите на еколошкото друштво „Грашница“, учество зедоа и претставници од друштвото „Синан Челеби“ и здружението „Кирил и Методиј“ од Охрид, Одделението за заштита на животната средина при локалната самоуправа како и дел од студентите од Факултетот за туризам и угостителство.
„Она што сакам да го потенцирам е да бидеме поактивни, веќе теоретски сме добро потковани, имаме мноштво информации во врска со глобалните затоплувања, во врска со другите природни непогоди и слично, па редно е веќе да излеземе на терен, доста е веќе информации и информации.“-рече Климент Арнаудов, демонстратор на Факултетот за туризам и угостителство.
Инаку овој еколошки подвиг, симболично започна во 5 до 12. Ова, како што велат од еколошкото друштво „Грашница“ е со цел да се алармира јавноста и надлежните служби дека е крајно време да се преземе нешто околу зачувувањето на зелените појаси во градов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град