Балканско првенство во џудо во Охрид

Охрид домаќин на балканското првенство во џудо за кадети и јуниори. Околу 500 учесници од две возрасни категории во машка и женска конкуренција, ќе си ги одмерат силите. Организаторите велат дека џудото е племенит и олимписки спорт и победата е фиктивна деструкција на противникот поточно победа со спортска борба.

 |  Николоска Биљана  | 
dzudo
џудо

dzudoСпортскиот центар „Билјанини извори“ денес и утре е арена на џудо борбите. Околу 500 учесници од 9 балкански земји во машка и женска конкуренција ќе земат учество на Балканското првенство во џудо за кадети и јуниори. Организатор е македонската џудо федерација во соработка сo балканската џудо федерација. Секретарот Горан Мицкоски информира дека овој настан бил предвиден уште пред две години, согласно нивната програма. Додава дека изборот за одржување на бакланското првенство во кадети и јуниори во Охрид не е случаен, бидејќи сметале дека Охрид има што да им понуди на спортистите не само од спортот туку и воопшто како најатрактивна туристичка дестинација.

„Балканската џудо федерација ни го додели настанот со тоа што доколку се покажеме како што треба за неколку години ќе конкурираме за организација на Европско првенство. Станува збор за слична организација само што не би имале над 500 гости туку 2-3 илјади спортисти што би престојувале кај нас 5-6 дена. Балаканската џудо унија учествува со сите земји членки“.

dzudoОд соседна Бугарија на балканското првенство ќе учествува втората постава на репрезентацијата, бидејќи дел од репрезентативците биле на подготовки за Европскиот куп, вели Лачазар Темелков спортскиот директор на академијата „Ставен“ од Сливен, Бугарија. Сепак тој очекува медали од неговиот тим. Темелков задоволен од организацијата на настанот.

„Како организација е многу добро, како борба исто така има многу натпревари затоа што се по двајца во категорија и очекуваме добри борби. Сакаме на нашите пријатели од Македонија да им посакаме да го организираат Европското првенство после една до две години затоа што тие покажаа дека се добри организатори на првенствата“.  

На балканското првенство во кадети и јуниори учествуваат џудисти од Србија, Црна Гора, БиХ, Бугарија, Грција, Албанија, Романија, Турција, како и од домаќинот, Македонија. Македонската џудо репрезентација ја сочинуваат 25 натпреварувачи. Организаторите од балканското првенство, очекуваат македонските џудисти добро да се претстават да постигнат добри резултати и медали.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top