Д-р Драги Кимовски и м-р Атанас Христов, гостуваат на престижниот универзитет „Корнел“ од Њујорк.
Со примена на знаењата од областа на комјутерските науки до рана детекција и лекување на канцерогени заболувања. Ова е целта кон која ќе се стремат двајцата млади истражувачи од универзитетот „Свети Апостол Павле“, д-р Драги Кимовски и м-р Атанас Христов. На покана на одделот за Онкологија при
Универзитетската болница на престижниот „Корнел“ универзитет од Њујорк, д-р Кимовски и м-р Христов, активно ќе се вклучат во борбата против ракот и ќе го дадат својот придонес во оваа благородна цел.
„Тоа што ние го работиме фактички повеќе се однесува на компјутерските алгоритми за детекција на рак, за детекција на активноста на клетките на ракот. Ние со нашиот супервајзор од Универзитетот Корнел од Њујорк, д-р Александер Матов, со него фактички работиме на два проекти. Првиот проект е за создавање на персонализирана хемотерапија, а вториот за детектирање на клетки на ракот во крвта на пациентот. Проектот засега вроди со публикување на неколку научни статии, и тоа две од статиите беа објавени на најпрестижната конференција ААЦР која се одржува во Вашингтон.“-рече д-р Драги Кимовски, асистент на Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид.
Д-р Кимовски вели дека барем досега бил покажан особен интерес за проектот на кој тие работат заеднички со универзитетот Корнел. А нивната соработка се префрла и на македонска територија.
„Во текот на месец јуни, за неколку недели проф. Д-р Александер Матов ќе го посети Универзитетот за информатични науки и технологии и ќе одржи предавања во текот на една седмица. Ние добивме и официјална покана од универзитетот Корнел да присуствуваме како гости, како млади истражувачи во период од три месеци. Ние се надеваме дека ќе ги продлабочиме нашите знаења кои ги стекнавме досега и да му помогнеме на универзитетот Корнел за изработка како втор додатен проект, изработка на еден суперкомпјутер, компјутерски кластер кој ќе помогне во анализата на овие слики и биоанализи кои ги правевме досега.“-вели м-р Атанас Христов, асистент на Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид.
И покрај тоа што доаѓаат од мала земја, велат науката не познава граници или големи и мали земји туку само добри и лоши научници. За Њујорк заминуваат во Септември, а велат дека единствена цел им е што можат повеќе да придонесат во борбата против ракот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град