Охриѓани и гостите ќе куртулат од комарците

На крајот на месецов ќе се врши  запрашување против комарци.  Директорот на  Регионалниот центар за јавно здравје, Атанаско Михаилов вели дека вреќе е разговарано со Градоначалникот со цел да се превземат потребните превентивни мерки против овие не така безопасни инсекти.

 |  Јаковлева Лионела  | 
blato
блато

Ова лето ќе има дерман за охриѓани и гостите од комарците. На крајот на месецов ќе се врши дезинсекција или запрашување против комарци, велат од Регионалниот центар за јавно здравје.  Директорот на центарот, Атанаско Михаилов вели дека вреќе е разговарано со Градоначалникот со цел да се превземат потребните превентивни мерки на дезинсекција, дератизација и дезинфекција. блато

Михаилов потенцира дека ова е единствен начин да се одбраниме од комарците во градов и додава дека минатогодишното авионско прскање воопшто не било продуктивно. Поради тоа годинава дезинсекцијата ќе се прави со специјални топови, директно во леглата на комарците и тоа во три наврати, на крај на месецот, на крај на јуни и на крај на јули. Од регионалниот центар велат дека станува збор за комплициран третман.

Најзаинтересирани за овој третман се граѓаните бидејќи станува збор за нивното здравје. Убодот на комарците покрај што е непријатаен и предизвикува пликови и чешање може да биде и многу поопасен.

Освен проблемот со комарците, Директорот на центарот за јавно здравје алармира и за проблемите со глувците. Граѓаните јавуваат и за наезда од глувци. Михаилов вели дека во половина од 6300-те шахти од градов е приметен зголемен број глувци. Тој додава дека во догледно време мора да се изврши и дератизација доколку се сака да се избегне поголема катастрофа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top