Германските клубови први по приходи од реклами

Најголема заработка од реклами на дресовите оваа година ќе имаат германските фудбалски прволигашки екипи, чиишто вкупен приход ќе достигне 102,9 милиони евра.

 |  Крсте Голабовски  | 
klubovi
клубови

Најголема заработка од реклами на дресовите оваа година ќе имаат германските фудбалски прволигашки екипи, чиишто вкупен приход ќе достигне 102,9 милиони евра.

Според податоците што ги објави компанијата за истражување на пазарот „Спорт унд Маркет, листата од 18 германски бундеслигаши ќе ја предводи Баерн Минхен, кој сезонава од реклами на своите с=дресови ќе инкасира дури 20 милиони евра.

Заработката на англиските клубови од овој вид на спонзорство значително опаднала и тоа поради падот на вредноста на фунтата.Клубовите од Премиерлигата сезонава од реклами на дресовите вкупно ќе заработат 85,9 милиони евра.

Aliance arenaМинхенски Баерн е водечки и во европски рамки, а на дресовите на неговите фудбалери се наоѓа логото на Т-Хом.

Следи Манчестер јунајтед, кој оваа фудбалска сезона од рекламирањето на американската осигурителна компанија АИГ ќе инкасира 17,7 милиони евра.

На трето место е Реал Мадрид, кој од интернет обложувалницата Бвин ќе заработи 15 милиони евра.

Лондонски Челзи од рекламирањето на Самсунг ќе инкасира 12,6 милиони евра, а следат Милан (Бвин) и Шалке 9рускиот енергетски гигант Гаспром) со по 12 милиони евра.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top