300 средношколци и основци од градов денес симулираа давање прва помош. Од година во година интересот кај младите за учество на овој натпревар расте. Дел од нив имале можност и во реалниот живот да го применат своето знаење.
Денес се одржа 42от општински натпревар по прва помош. Натпреварот се одвиваше на 7 пункта поставени на различни локации низ градот. Од година во година интересот за учество на овој натпревар е се поголем. Минатата година учествувале 230 ученици а годинава 280.
Овој настан беше интересен и за случајните минувачи и намерници бидејќи симулациите беа реалистични. Сашо Точков- претседателот на Црвен крст- Охрид рече дека за симулациите биле подготвени специјални сценарија, а се употребувала и артистичка шминка за настанот да биде што пореален
Координаторот на секторот за прва помош при Црвениот крст од Охрид, Даниел Наумовски вели дека спровеле анкета помеѓу учесниците на ланскиот натпревар со цел да се види колку од нив се нашле во реална ситуација да укажат прва помош. Досега се обработени само половина од анкетите и од тие податоци 3% од учениците укажале прва помош во секојдневниот живот.
Наумовски потсети дека порано во рамките на образовниот систем постоеше предмет прва помош и додаде дека добро би било да се возобнови оваа пракса. Засега нивните иницијативи за тоа се безуспешни бидејќи неколку часа од прва помош се вклучени во предметот вештини на живеење. Наумовски вели дека тоа е премалку и апелира да се обрне поголемо внимание на обуките за прва помош бидејќи тоа знаење многупати може да спаси човечки живот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град