Спорт лајф и Црвен Крст спроведоа крводарителска акција

„Разубавете го денот на себе си и на другите“. Под ова мото денеска пред обложувалницата Спорт лајф во градската чаршија беше спроведена крводарителска акција по логистика на обложувалницата, во соработка со ОО на Црвениот Крст од Охрид. Акцијата беше збогатена со хепенинг на кој настапија Елена Ристеска, Боби Мојсоски и други македонски изведувачи.

 |  Николоска Биљана  | 
krvodaritelska akcija
крводарителска акција

krvodaritelska akcijaТрадиционално четири години наназад Црвениот Крст од Охрид, во соработка со обложувалницата Спорт лајф, спроведоа  крводарителска акција. Под мотото „Разубавете го денот на себе си и на другите“ крводарителите имаа можнот со поддршка на македонските музички звезди,  да ја даруваат најдрагоцената течност кој спасува живот, вели претседателот на охридската организација Сашо Точков. Тој воедно изрази благодарност кон сите кои допринесоа за реализација на денешната акција.

„Благодарни сме и задоволни на сите крводарители на спортската обложувалница Спорт лајф и секако оваа акција ја продолжуваме и наредната година со уште повеќе содржини и изненадувања. Денеска спортската обложувалница обезбеди 12 вредни награди за оние 12 среќни крводарители кои дарувале крв и кои што ќе бидат извлечени во наградната игра на крајот од крводарителската акција“.

Точков не крие дека и годинава задоволен е од одзивот на хуманите граѓани кои се вклучилр во акцијата, а посебно го радува податокот што 50% од нив се нови крводарители посебно од младата популација кои навршиле 18 години.

krvodaritelska akcija„Задоволни сме од одзивот. Досега се дарувани преку 70 единици на крв и до крај на денот очекуваме да ја преминеме стотката во тоа сум сигирен.

Македонската пеачка Сања Цинцева рече оти прекрасно е чуството да се допринесе на било каков начин во хуманитарните акции, посебно кога се дарува крв.

„Чуството е прекрасно и мислам дека убаво да се биде на такви хумани манифестации. Пред се сакам да им заблагодарам на Црвениот Крст на Спорт лајф за поканата. Денес беше  прекрасно такви манифестации треба да бидеме хумани и да даруваме крв“.

Од Црвениот крст од Охрид информираат дека не застануваат со денешната акција, туку напротив, уште поинтензивно ќе продолжат и понатаму.

{loasposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top