Се разрешуваат македонци раководители – ВМРО- ДПМНЕ

Последните две одлуки на градоначалникот Зијадин Села, разрешувањето на директорот на ЈП „Комунално“ и секретарот на општина Струга, ги налути струшките вмровци. Тие реагираат дека Села разрешува само раководители македонци а не раководители и директори од другиот етникум.

 |  Николоска Биљана  | 
vmro dpmne
вмро дпмне

Pero PetkoskiМакедонците останаа без единствените две места кои им припаѓаат во Локалната самоуправа, реагираат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга. Најновите кадровски измени кои градоначалникот Зијадин Села ги прави во Струга, со луѓе само од неговата партија, води кон тоа да целокупната одговорност за последиците од таквите постапки, ги сноси самиот тој, додаваат од таму. Претседателот на партијата Перо Петкоски, категоричен во својот став, дека доколку за одлуките кои ги донесува Општинската администрација, не бидат консултирани, истите ќе ги сметаат како нелигитимни и како такви нема да бидат подржани од граѓаните на општина Струга.

„Една од тие одлуки беше и разрешувањето на директорот на ЈП „Комунално“ како и секретарот на општината и со тоа македонците останаа без единствените две места кои досега им припаѓаа. На местото на директорот на ЈП „Комунално“ е поставено лице со несоодветно образование. Го прашувам градоначалникот Зијадин Села да излезе во јавност и да каже какво образование има б.д директорот на комунално и дали сите други негови „експерти“ ќе бидат со такво образование. Уште во првите неколку дена наместо да се зафати со работа, за Струга спремна да ја пречека туристичката сезона в.д. Директорот на ЈП „Комунално“ почна да се занимава со разрешување и деградирање на сите раководители македонци во тоа претпријатие“

vmro dpmneПеткоски забележува дека симптоматично е тоа што се разрешуваат само раководители Македонци а не  раководителите и директорите од другиот етникум. Па од тука потсети

„Инаку да потсетиме дека во минатото кога македонец ја раководеше општината, секогаш претседателот на Совет беше од редовите на албанската етничка заедница и со тоа секогаш се покажувало респект кон другата етничка заедница. Така треба да биде и овој пат. Секогаш македонците подавале рака, компромис, соработка и заеднички ги решавале проблемите. Значи не може само од една страна да се бара конструктивност и почитување на Рамковниот договор, а за друга страна тоа да не важи. Не може мнозинството во градот македонцитие да се игнорираат, тоа неводи кон успешен мандат на оваа Локална самоуправа“.

Од ВМРО – ДПМНЕ го потсетија градоначалникот Села дека коалицијата Заедно за Струга на локалните избори освои најмногу гласови и има најбројна советничка група во струшкиот Совет.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top