ЕУ Инфо точка во Охрид

По повод 9ти Мај, Денот на Европа во рамките на Општинскиот центар за услуги во Охрид се отвори информативен центар, ЕУ Инфо точка.

 |  Јаковлева Лионела  | 
info
инфо

ЕУ Инфо точка во Охрид. Овој информативен центар беше отворен денес во рамките на Општинскиот центар за услуги во Охрид по повод 9ти Мај, Денот на Европа. Во ова европско катче во кое граѓаните ќе можат да ги добиваат сите информации кои се однесуваат на Европската унија, рече секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески.спасески
– На овој начин, граѓаните од Охрид ќе бидат во тек со сите случувања во рамките на Европската унија, дали се тоа определени огласи, конкурси, информации, и едноставно денешниот ден го користиме да направиме спој помеѓу граѓаните на Охрид и сите случувања во ЕУ. Ги поканувам граѓаните, ова катче масовно да го користат за услуги и да бидат во тек со сите информации кои им се потребни, изјави Спасески.

На отварањето на Еу инфо точка присуствуваше и амбасадорката на кралството Холандија во Македонија Мариете Шурман. Таа рече дека задоволство е да се биде во Охрид токму на Денот на Европа .

– Како претставник на земја од Европската унија, се надевам дека со отварањето на ова катче сите граѓани на Охрид ќе бидат информирани и ќе ги добијат сите потребни информации за тоа што се случува во ЕУ. Ќе научат како функционираат граѓаните на Европа, а ова катче ќе послужи и како линк помеѓу охриѓани и граѓаните на Европа, да научат кои се нивните потреби, потребите за интеграција во Европа, да бидат поблиску до проектите на Европската унија, да добијат информации за патувањата во Европа и слично, рече амбасадорката Шурман.

Охрид, со отворање на европскиот информативен центар е поблиску до Европската унија, рече амбасадорот на Кралството Шведска, Ларс Вахлунд,

Мислам дека е многу добра идејата што имате ЕУ Инфо катче во Охрид и ако сакате добар наслов за вести, може да напишете, Охрид сега е поблиску до Европа. Преку ова ЕУ катче вие и Охрид ќе бидете поблиску до европската мрежа. Сега просториите се и службено отворени и зависи од самите граѓани колку ќе го искористат овој простор, ова катче, подвлече амбасадорот Вахлунд.

Според секретарот на општината, новиот информативен центар претставува скромен почеток на една интензивна соработка, но многу скоро во Охрид најави конкретни европски проекти . Општина Охрид, овој проект го реализира заедно со Делегацијата на Европската комисија и амбасадорите.
Инаку, во Република Македонија денес се отворени десет ЕУ Инфо точки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top