9 ти Мај денот на победата над фашизмот, како и Денот на Европа, одбележан во Струга. Повеќе делегации положија свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата. Пригоден говор по повод денот имаше претседателот на струшкиот сојуз на борци Ајредин Мемеди.
Борците од Струга ја одбележаа 68 годишнината од победата над фашизмот. Воедно го одбележаа и денот на Европа. Во Струга и денес постојат живи сведоци, учесници во НОВ, кои сеуште не ги забораваат дамарите на 4 годишната борба против германскиот окупатор и на нив се сеќаваат како да било вчера. Еден од нив е Илија Балоски. Тој вели дека денешната годишнина е посветена на еден од најславните денови во историјата на македонскиот народ и сите народи во светот.
„Периодот од 1941 – 1945 и нешто пред неа беше период на огромно злосторство над народите во светот. Една одредена партија праеше злочини правеше поништување на луѓе, држави и се останато“.
Балоски истакна дека времето поминува а големите луѓе кажале: „Вистина е она што било и се запишало, насликало или оспоменичило, бидејќи во спротивно може времето така важни збиднувања да ги фрли во заборав или вистината да се искриви“.
„9 ти Мај 1945 под силен воен организационене и секаков притисок, коалицијата антхитлелровска бидејќи имаше и Хитлеровска тргна во конечна борба со непријателот и со огромни здружени воени сили здружени Англија, Америка и Русија тргнаа од исток кон Берлин, тогаш се отвори вториот фронт и добро се сеќавам на конечната битка со непријателот“.
Балоски порача споменот на победата над фашизмот да живее вечно, сите народи во светот да живеат братски и да не дозволиме никогаш повеќе да се случи такво зло. На Споменикот на револуцијата и на бистите на паднатите борци, денес, повеќе делегации положија свежо цвеќе. Свое обраќање имаше и претседателот на струшкото здружение на борци Ајредин Мемети.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град