Продолжуваат предупредувачките протести пред ЈП Билјанини извори

Вработените од ЈП Билјанини извори не отстапуваат од своите барања.

 |  Маленкова Татјана  | 
protesti JP Biljanini Izvori
протести ЈП Билјанини извори

Предупредувачкиот штрајк пред ЈП Билјанини извори продолжува.  Претседателот на синдикалната организација на претпријатието, Зоран Стевоски вели дека ќе протестираат се до исполнувањето на нивните барања.  

„ Како синдикална организација испративме барање до сите релевантни фактори односно до бившиот protesti JP Biljanini Izvoriдиректор, до управниот одбор, до советот на општината Охрид и до градоначалникот на општина Охрид. Сеуште на тие наши барања не е одговорено. Искрено се надевам дека ќе започнат интензивно да работат на решавање на нашиве проблеми“, вели Зоран Стевоски, претседател на синдикалната организација.

Стевоски додава дека очекуваат наредниве два дена локалната самоуправа односно градоначалникот  да назначи в.д директор партнер со кого ќе треба да разговараат и да изнајдат начин за решавање на проблемите.  Претседателот на  синдикалната организација ги открива причините поради кои вработените се одлучија на предупредувачки простести.

„Причината за штрајкот е тоа што не ни се исплатени 4 плати, не се исплатени придонесите „Билјанини Извори“ е јавно претпријатие, формирано со одлука на Советот на град Охрид на 28 февруари 2008 година. Неговата основна дејност е стопанисување со Спортско рекреативниот центар Билјанини извори и  јавниот паркинг простор по кој основ се слеваат и најголем дел од приходите но дознаваме дека во моментов еден од поголемите должници е и општина Охрид и немаме сини картони, нема здравствена заштита, вработените се во тешка финансиска криза и немање на здравствена заштита за себе и за членови на својата фамилија.Се надевам дека набрзо нашиов проблем ќе биде решен, бидејќи очекуваме локалната самоуправа и градоначалникот да изнајдат решенија protesti JP Biljanini Izvoriза решавање на нашиве проблеми“, вели Стевоски.

Дознаваме дека касата на ЈП не само што е празна туку е и блокирана од УЈП, по основ на неплаќање на ДДВ. Во овој период приливот на средства се од наплатата на малкуте паркинзи со кои стопанисува ЈП и од надоместите кои на ЈП му ги плаќаат рекреативните група кои ги користат терените, спортската сала и стадионот. Но овие пари ни од блиску не се доволни за покривање на трошоците на ЈП. Еден од поголемите должници кон ЈП е локалната самоуправа која на Билјани извори му должи околу 1 милион и 200 илјади денари. Овие средства доколку се уплатат би биле доволни за  една плата., но сеуште никој не открива дали и кога овој долг ќе биде подмирен.

Сега засега се очекува назначување на прв човек на ЈП и етапно решавање на проблемите со цел вработените кои протестираат да не превземат поригорозни чекори како што е ставање клуч на вратата на ЈП Билјанини извори.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top